|
||||
Отворено писмо од Македонците во Европа до пратениците да не гласаат уставни промени |
Отворено писмо од Македонците во Европа до пратениците да не гласаат уставни промени Гневни и крајно разочарани од предавничкиот антимакедонски глас на одредени пратеници во македонскиот парламент, со кој се овозможува промена на уставот на државата, ние Македонците од дијаспората во Европа, ја упатуваме нашата порака до истите за преиспитување на одлуката и не гласање во понатамошното работење на парламентот. Самиот факт што легитимноста на пратениците произлегува од изборните програми на партиите и од волјата на народот, сите пратеници кои ќе гласат за уставните промени а не соодејствуваат со нивните претходни партиски програми , стануват де факто повеќе нелегитимни и немат никаква политичка тежина. Нивните гласови се нелегитимни и неважечки , бидејќи легитимноста произлегува од народот и за народот. Македонската држава е производ на долготрајната историска борба преточени преку Илинден и Асном, потврдени со референдум од 1991 година како и со последниот од 30 септември . Тоа е легитимниот чин од уставот и правната поставеност. Секое анти уставно однесување ќе подлежи на одговорност и секако ќе настојуваме да биде одобрено од европските институции. Во моментот истите овие ЕУ институции се водени од личности кои не соодејствуваат со вистинските вредности на повелбите и начелата на Европската Унија. Личностите заминуваат а институциите остануваат со своите вградени вредности. Нашиот апел ќе биде адресиран до секој пратеник во Република Македонија а воедно ќе се повика и народот директно да учествува во разобличувањето на македонското предавство . Да за вистинските европските принципи, не за корупмираните ЕУ преставници. Пратеници, водете се од гласот и волјата на народот што ви ја доверил довербата и потврдена со бојкотот на референдум, секоја друга материјална или политичка водилка е ништовна и само уништувачка . Да живее Република Македонија! Координативно тело на дијаспората во Европа. Штутгард , 11 ноември , 2018 |