П Р О Г Л А С #БОЈКОТИРАМ УСТАВНИ ПРОМЕНИ
Ние, граѓаните на Република Македонија, водени од мнозинската волја на народот изразена на двата референдума (задолжителниот од 1991 и консултативниот од 2018 година), се обединуваме против неуставниот и противзаконски т.н. Преспански договор ги повикуваме сите здруженија, асоцијации, синдикати, институти, научни и високообразовни установи, неформални движења, интернет групации, политички партии, дијаспората, како и поединци, професори и други интелектуалци, уметници, спортисти, работници и др. – со сиот свој кредибилитет и јавен ангажман да се обединат сега, со една единствена цел: организирање континуиран и масовен Отпор кон посегнатите нелегитимни и нелегални уставни промени! Нашата заедничка поддршка на овој Проглас не значи и наше идно заедничко политичко дејствување во борбата за власт на следните избори. Сите општествени чинители коишто го подржуваат овој Проглас, без оглед на идеолошките, политичките, верските или етничките разлики, манифестираат почит кон владеењето на правото и загриженост за иднината на државата, потврдувајќи ја историската зрелост на нацијата, ставајќи го општиот пред личниот интерес заради остварување повисока цел – зачувување на суверенитетот на Републиката и на правото на самоопределување на народот. Главната причина за ова движење е арогантниот однос на власта која игнорирајќи ја јасно изразената волја на граѓаните против неуставниот т.н. Преспански договор, манифестирана преку масовниот бојкот кој резултираше со неуспешен референдум, на кој 2/3 од избирачите не го одобрија истиот! Затоа, во овој драматичен историски миг за нашата Република, заробена од корумпирана политичка клика што најдрско ја игнорира и народната волја и Уставот, БАРАМЕ:
- Итно и безусловно запирање на процесот на нелегалните уставни измени;
- Еднострано правно поништување на октроираниот и веќе отфрлен т.н. Преспански договор;
- Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право;
- Трајна заштита на Името на државата, Македонија;
- Распуштање на Собранието и распишување на вонредни парламентарни избори.
Изразуваме решителност дека, доколку не се прифатат горенаведените барања, Отпорот ќе продолжи и расте и несомнено ќе бидат употребени сите институци- онални и вонинституционални инструменти на ненасилен граѓански отпор.
Прогласот го поддржаа
- Проф. д-р Александра Ѓуркова, ИМЈ, УКИМ
- Доц. д-р Ана Никодиновска Крстевска, УГД - Штип
- Проф. д-р Билјана Ванковска, УКИМ
- Проф. д-р Богдан Богданов, УКИМ
- Проф. д-р Виктор Ѓамовски, УКИМ
- Политичка партија ГЛАС за Македонија
- Проф. д-р Горазд Росоклија, Универзитет Колумбија - САД
- Проф. д-р Гордана Силјановска, УКИМ
- Доц. д-р Димитар Апасиев, УГД - Штип, член на ПРЕЗИДИУМ на ЛЕВИЦА
- Проф. д-р Елкa Јaчевa – Улчaр, УКИМ
- Проф. д-р Жидас Даскаловски, УКЛО - Битола
- Зоран Витанов, политичар, економист
- Отец Ивица Тодоров
- Проф. д-р Игор Јанев, Институт за политички науки - Белград
- Проф. д-р Јован Донев, ИНИ, УКИМ
- Проф. д-р Кирил Крстевски, УКИМ
- Проф. д-р Константин Миновски, УКИМ
- Движење за социјална правда ЛЕНКА
- Д-р Марија Ристеска
- Мелпомени Корнети, културен деец, дипломат
- Проф. д-р Михајло Поповски, УКИМ
- Проф. д-р Наташа Котлар, ИНИ, УКИМ
- Глобално непартиско движење Ние Сме Македонија
- Светски Македонски Конгрес
- Проф. д-р Солза Грчева, претседател на Глас за Македонија
- СУМ-Организацијата
- Проф. д-р Тања Каракамишева, УКИМ
- Политичко движење ТРЕТА
- Ефтим Клетников, поет
- Македонски Манифест
- Ристо Никовски, амбасадор
- Академик Витомир Митевски, МАНУ
- Александар Русјаков, писател, режисер
- Алдо Климан, писател; претседател на Македонскиот културен форум-Пула, Хрватска
- Арна Шијак, актер
- Бил Николов, MHRMI - Канада
- Олгица Трајковска, работник во културата
- Проф. Доминика Бошкова, архитект
- Проф. д-р Мирко Трајковски, Медицински факултет, Женева
- Цветин Чилиманов, новинар
- Маја Величкова, аналитичар
- Мирослава Илиевска, експерт, фармацевт
- Проф. д-р Маја Ангеловска-Панова, ИНИ, УКИМ
- Проф. д-р Антоанела Петковска, УКИМ
- Проф. д-р Константин Миновски, УКИМ
- Проф. д-р Благоја Јанаков, УКИМ
- Снежана Зивчевска-Сталперс, менаџер на Информатички технологии во IBM , Холандија
- Манојил (Мане) Јаковлески, уредник на Порталот Македонска нација
- Методи Стојовски, Системски и Мрежен Администратор, Германија
- Академик Ѓорги Поп-Атанасов, МАНУ
- Дијана Илоска, докторант Макс Планк Институт, Германија
- М-р Боби Костоски, менаџер за квалитет во Quanta, Германија
- Џејсон Мико, почесен конзул Аризона САД
- Трајче Т. Трајковски, Главен и одговорен уредник на МАК ФМ, Перт - Австралија
- Боби Темелков, Претседател на СМК Канада
- Проф. д-р Соња Витанова-Стрезова - УКИМ
- Крис Ангелков, Потпретседател на Македонската заедница од Западна Австралија, Секретар на Македонската православна епархија во Австралија - Сиднеј
- Марк Бранов, Канадско-Македонско Историско Друштво
- Д-р Крис Попов, Историчар и активист за човекови права на Македонците
- Живан Рендев, Основач и координатор на Viva Macedonia и активист за човекови права
- Душан Ристевски, Македонска литературна асоцијација „Григор Прличев“ и Австралиско-Македонски тетатар, Сиднеј – Австралија
- Д-р Ицо Најдовски, историчар; aктивист за човекови права на Македонците; основач на Македонската радио програма и продуцент, Мелбурн – Австралија
- Сузана Шурловска – Георгиевски, Училиште за македоснки јазик – Париз, Франција
- Ацо Талевски, aктивист за човекови права на Македонците и коментатор/аналитичар
- Мирјана Стојковска - Сартинас, Основач и координатор на Гласот на Македонија и активист за човекови права на Македонците; финасиски советник
- Македонски културен центар во Западна Австралија „Илинден“
- Македонско-Австралиска заедница, Организација „Вардар“ – Западна Австралија
- Македонска Православна заедница „Св. Никола“ – Перт, Западна Австралија
- Македонска Православна заедница „Св. Димитрија Солунски“ – Волонгонг, Австралија
- Македонска заедница во Аделаид (Adelaide & SA Inc.) – Австралија
- Македонски православни заедници при црквата Св. Климент и Културно-образовен центар при црквата – Канбера, Австралија
- Македонско-Австралиска православна црква Успение на Св. Богородица (St Mary- Uspenie Inc Sydenham) - Мелбурн, Австралија
- Македонска православна заедница, Црква Св. Петка – Рокдејл, Сиднеј/ Австралија (НЈВ)
- Македонска православна заедница - Квинбијан и околината, Нов јужен Велс, Австралија
- Македонска православна заедница во Мелбурн и Викторија – Австралија
- Македонска православна заедница на Џилонг – Викторија, Австралија
- Македонска православна црква и Културна заедница „Св. Недела“, Квинсленд - Австралија
- Македонска православна заедница во Областа Њукастел, Нов Јужен Велс – Австралија
- Македонска заедница во Бризбејн, Квинсленд – Австралија
- Македонска православна заедница (Ltd, Roseberry & Cabramatta) во НЈВ, Австралија
- Австралиско-Македонски Комитет за човекови права
- Драган Стоиловски, координатор на Координативното тело на Македонската дијаспора во Европа за Протести, Винтетур - Швајцарија
- Д-р Велика Стојкова-Серафимовска, етномузиколг, експерт, УКИМ
- Сашо Татарчевски, диригент и професор на ФМУ, УКИМ
- Академик Митко Маџунков, МАНУ
- Јани Бојаџи, филмски режисер
- Љубица Даленбург, Фармацевт - Берлин, Германија
- Томе Вељановски, Книжевник - Шведска
- Здружение на граѓани "АМАНЕТ 1903" - Битола
- Борислав Стоилковиќ, репортер во Infomax.mk
|