|
||||
,,Прозападниот” Заев дома, “изолираниот антиевропеец” Иванов во Париз со светските лидери |
,,Прозападниот” Заев дома, “изолираниот антиевропеец” Иванов во Париз со светските лидериПремиерот Заев на изненадување на многумина во земјава и регионот не беше дел од големиот светски настан што го организираше францускиот претседател Емануел Макрон во чест на еден век од крајот на “Големата војна”.
Во Париз на покана на Макрон замина претседателот Иванов кој беше во друштво на Трамп, Путин, Ердоган, Нетанјаху и други светски лидери. Премиерот Заев не замина на ниту една од повеќето локации каде се одбележуваше јубилејот а овој настан го честиташе преку Твитер. Официјално никој досега не објасни зошто во Париз не замина “миленикот”на западот Зоран Заев. На социјалните мрежи дел од активистите и симпатизерите на СДСМ оваа ситуација се обидоа да ја објаснат со тоа дека во Париз биле повикани само претседатели како шефови на држави но примерот со Грција ја елиминира оваа теза. Во Париз со својата сопруга Атина ја претставуваше грчкиот премиер Ципрас а колегата на Иванов претседателот Прокопис Павлопулос не беше повикан. Дипломатски извори за expres.mk анализираат дека непоканувањето на Заев треба да се гледа во корелација со неколкуте изјави на францускиот амбасадор во Скопје, заклучоците на ЕУ во кои се бара расчистување со корупцијата во Владата но и Нон Пејперот на неколку членки на ЕУ потпишан и од Франција објавен пролетоска во кој се вели дека без справување со корупцијата и без напредок во реформите Македонија нема наскоро да започне преговори со ЕУ. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати предходно изјави дека Франција како главен потписник на Нон Пејперот за Македонија нема да дозволи Македонија да го започне финалниот исчекор кон ЕУ со премиер кој е фатен на камера како бара мито во аферата “Едно евро за Вицето”, ниту со влада која е вплеткана во низа корупциски скандали. Во заклучоците на ЕУ на самитот во јуни од Македонија беше побарано да се справи со корупцијата на највисоко ниво во владата. Претседателот Иванов е еден од неколкумината активни македонски политичари за чие име не се врзува никаква корупциска афера. Иванов во Париз беше дочекан како претседател на Република Македонија http://expres.mk/prozapadniot-zaev-doma-izoliraniot-antievropeec-ivanov-vo-pariz-so-svetskite-lid |