|
||||
ВМРО-ДПМНЕ не го организира но го подржува протестот на 18 ноември |
Одговор на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕПрашање: Господине Јанушев дали го поддржувате најавениот протест, најавен за 18-ти месецов кои се организира од страна на повеќе граѓански здруженија, институции со цел поништување на уставните измени?Ваш став? Одговор: ВМРО-ДПМНЕ во целиот овој период јасно кажува и ниту еднаш не рефирираше од ставот дека сме против договорот и против уставните измени. Се што се организира, а е во насока каде што се изразува незадоволството и се што оди во насока на против односно на Уставот, против договорот којшто Заев и Димитров го потпишаа со Грција, значи тоа е всушност истата односно истата наша цел којшто целиот овој период со месеци наназад го имаме.Нормално демократско право е на секој да излезе и да го искаже своето незадоволство, својот револт од оваа неспособна власт. ВМРО-ДПМНЕ не се јавува како организатор на ова, меѓутоа нормално дека се што е во насока на демократско изразување на волјата на граѓаните, особено во овој дел каде што ВМРО-ДПМНЕ пред се предничи и ја води оваа битка против промената на Уставот, нормално дека сме на истата страна. |