Понеделник, 12 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Ажурирање на членството на ВМРО-ДПМНЕ од 01.12 и ќе трае 3 месеци
alt
Јанушев:Почнуваме со ажурирање на членството од 1 декември и распишуваме оглас за

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Состојбата во Република Македонија е загрижувачка. Имаме политичко уназадување, правен хаос, девастирана и упропастена економија, здравствен систем кој не функционира, образование кое не нуди квалитет, земјоделие со премногу проблеми.

Владата не само што не нуди решенија, туку само ги продлабочува проблемите. Нема напредок во ниту едно поле и област. Освен секако во криминалот и корупцијата, тоа е единственото нешто што знае да го прави хунтата на Заев.

Името, идентитетот, достоинството на македонските граѓани, зародената власт не значи ништо и нема ништо свето.

Наша обврска како партија е да се спротивставиме на ваквото назадување. Преку понуда, проекти, нудење на решенија. Постои се поголем интерес на луѓе, квалитетни поединци кои ја сакаат Македонија и сакаат да помогнат, и да дадат свој придонес на тој план.

Токму затоа ќе работиме на дополнително унапредување на капацитетите кои ќе нудат решенија и предлози, но и кои ќе изработат сопствена понуда ангажирајќи ги најдобрите капацитети и најдобрите поединци и професионалци во оваа држава.

Во таа насока на последната седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за распишување на Јавен Повик: За интерес за кандидирање за членови на Републичките Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.

Повикот ќе трае до 15-ти декември 2018 година. Кандидатите за Членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да достават мотивационо писмо, биографија (CV), истиот овој Јавен Повик ќе биде објавен и во дневниот печат и на официјалниот сајт на партијата.

Се поттикнуваат сите оние кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата да се пријават.

Втората одлука која се донесе на последната седница на Централниот Комитет е одлука за спроведување на ажурирање на членството во партијата. Ажурирањето ќе започне од 01.12 и ќе трае 3 месеци.

Ги повикувам сите членови кои ги споделуваат ставовите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ да се обратат односно да ги посетат општинските комитети и да го ажурираат своето членство, односно податоците во истото. Се оди чекор понапред и се следат современите текови, односно новина е тоа што овој пат членските книшки, по завршување на ажурирањето, ќе бидат со модерен изглед слични на пример со личните карти кои што секој ги има полнолетен граѓанин.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе работи за народот. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила која ќе ја порази оваа неспособна власт. Затоа ги отвораме вратите за способните, мотивираните и оние кои сакаат да дадат свој придонес за рушењето на оваа власт и нормализирање и градење на оваа држава. Македонија мора да ја изградиме во нормална, напредна земја на сите граѓани.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.