|
||||
Мицкоски:Заев е за Северна Македонија, а јас за Република Македонија |
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се прозападни, работата е што Заев е за Северна Македонија, а јас за Република МакедонијаИзмислиците околу онаа смешна кованица антизападен треба да им го покрие срамот со продажбата на името и она што го прават во Македонија. Јас и Заев, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сме прозападно ориентирани и целта не ми е да навлегувам кој суштински ги практицира европските вредности, тоа е тема за друга анализа, но она што сакам да го потенцирам е дека ние се разликуваме што Заев е за Северна Македонија со сменет идентитет и одземено достоинство, а јас сум за Република Македонија со зачуван идентитет и достоинство, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Курир. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека затоа сите тие напади против него треба да се „ДИМНА ЗАВЕСА“ од која нема да се види вистинската слика. -Погледнете додека тие лажат дека сум бил антизападен, да ме престават изолира и слично, тие го продаваат името, ама тоа му доаѓа како она во рекламите, купите два сока, третиот доаѓа гратис. Па не само што го продаваат името, идентитетот, па и одлуките на АНСОМ ги бришат, а го воведуваат рамовниот договор. Тука не е прашањето дали јас сум антизападен или не, јас Русија само на карта сум ја видел, прашањето е што Заев го продава името на шверцерски начин, вели Мицкоски. |