|
||||
Ова е политички прогон, ништо повеќе, ништо помалку |
ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада, СДСМ врши класична злоупотреба на полицијата во партиско-политички целиИнтегрален текст од изјава за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Да кажеме вечерва дека ова што се случува е удар врз демократијата во најмала рака ќе биде траги комично. Ова што вечерва се случува е дно! ВМРО ДПМНЕ е под полициска опсада! Членови на партијата се претресуваат и вознемируваат од страна на полициски службеници! Никогаш, ама никогаш во историјата на независна Македонија немало примена на ваква сила врз партија во опозицијата. Ова е класична злоупотреба на полицијата во партиско-политички цели! Ова е хајка и линч врз сите кои мислат поинаку. Режисерите на ова сценарио сакаат да ги заплашат сите кои мислат поинаку и се противат на капитулантската, антимакедонска политика на аболицираниот Заев. Во ваквиот прогон Заев ги злоупотребува и медиумите. Она што вечерва го прават неговите орди не е помирување туку дополнително зовривање на политичката криза. Овој притисок е удар врз опозицијата и тој нема да помине туку така. ВМРО ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни, демократски и сите неоходни средства за да застане на патот на злоупотребата на институциите и обидот за замолкнување на опозицијата. ВМРО и Македонија се жртви токму на неспособноста на аболицираниот Заев. Година и половина ја уништуваат сопствената држава и сето тоа го прикриваат со политички прогон кој кулминираше вечерва и според нашите информации нема да престане. Ако мислите дека ќе не заплашите, се лажете! Добро ве знаеме. Ќе дојде денот кога за ова ќе одговарате и вие кои го извршувате ова сценарио и оние кој што го нарачаа и организираа по наредба на Заев. Доколку полицијата поседува налог и навистина се сомнева дека Никола Груевски е во штабот позади, може да дојде и со нас да провери. Ова е политички прогон, ништо повеќе, ништо помалку. |