Вторник, 13 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Грцијо, ако немаш македонско малцинство, зошто бараш Македонија да го промени тој член од Уставот
alt

Воскопулос: Драга Грцијо, ако немаш македонско малцинство, зошто бараш Македонија да го промени баш тој член од Уставот?

Нели тоа што Грција бара од Македонија да го промени баш овој член од Уставот, за Македонците во соседните земји, е еден вид признавање на постоењето на малцинство? Ако немате такво малцинство, нема да барате таква промена, вели Воскопулос, со кого разговаравме на конгресот на македонската партија Виножито, викендов во Горно Врбени, Леринско. Поддршката за Преспанскиот договор од Павле Филипов Воскопулос, член на Централниот комитет на Виножито, предизвика големо внимание кај јавноста во Македонија, кај македонската дијаспора и се разбира помеѓу членовите на партијата и тој не отстапува од неа. Вели, Не дај боже да чекаме Република Македонија да ни помага. Тоа е веќе уназадена идеологија. Проблемот е кај грчката, а не кај македонската страна. Меѓународната заедница уште во 1993 требаше да му каже на Гркот, што правиш ти човече, ти си тежок националист, почитувај ја македонската држава.

Дали останувате на претходните оцени за Договорот од Преспа, дека е позитивен и дека ја има Вашата поддршка?

Не само јас, туку и сите ние во Виножито настојуваме да гледаме напред. Ние сме граѓани на Грција. Одговорните во Македонија си решаваат како треба работите да одат таму и на каков начин позитивните и добрите страни на овој договор да се применат. Ако внимателно го читате соопштението на Виножито, ќе видите дека и ние сметаме дека овој договор не е идеален, дека е недовршен договор. Ние настојуваме добрите страни да се применат и тоа е причината што јас лично на некој начин индиректно настојував да дадам позитивни пораки, имајќи на ум и уште нешто. Но за тоа ќе дојде време и по потреба ќе го кажеме и во Македонија. Ние ја имаме таа можност да гледаме од страна, од една неутрална позиција, а кога видовме дека почнаа деструктивните дејствувања на Македонец против Македонец, да се викаме издајник, предавник… јас лично сметав дека и на овој договор може да се гледа од позитивна страна, а не само на слабостите.

alt

Но слабостите главно се однесуваат на позицијата на Македонците во Грција.

Не се согласувам. Ова е исто како и со Македонците во Бугарија. И таму е исто. Официјалната грчка позиција е дека тука нема малцинство, нели? Ако нема малцинство, зошто тогаш бараш такви промени во Уставот на соседната држава, зошто бараш од Република Македонија во Уставот да каже дека нема да се грижи за Македонците во соседните земји.

Но токму тоа ние го прифативме.

Тоа е прифатливо. Да, тоа е прашање на власта и на граѓаните во земјата каде што живееме. Зборувам за грчкиот и бугарскиот автогол во овие договори. Драга Грцијо, ако ти немаш македонско малцинство, зошто тогаш бараш Македонија да го промени баш овој член од Уставот, за Македонците во соседните земји. Нели е ова еден вид признавање на постоењето на малцинство и дека имаш голем проблем. Ако немаш малцинство, нема да бараш таква промена. Јас лично дури и на тие работи што на прв поглед негативно ги оценуваме, гледам малку поинаку. Јас ги гледам причините и суштината на таков вид на промени и дејствување.

alt

Но ние во Република Македонија тоа го ставаме во Уставот, преземаме обврска. Од правен аспект тоа значи „бришење“ на Македонците во Грција.

Не е така. Ако самите Македонци тука не сакаат да дејствуваат и ако не сакаат да бидат признаени како малцинство, тоа не значи дека некој во Република Македонија или таму некоја влада треба да се грижи за Македонците тука. Ние како Виножито така сметаме. Ние сме граѓани на Грција. И ние дејствувањето ќе го насочиме тука, во Грција. Не дај боже да чекаме Република Македонија да ни помага. Тоа е веќе уназадена идеологија. Дури и кога станува збор за меѓудржавни односи. Ако го видите и грчкиот Устав, тука не станува збор за грижа на Грција за грчкото малцинство во соседните земји.

Македонската идеологија мора да оди напред, да се издвои од овие назадни балкански идеологии. А една од нив е токму ова прашање што го зборуваме. Мора ли една држава да се грижи за малцинството во соседна држава? Тоа е катастрофа. Прво треба Грција да се демократизира. Тука во Грција немаме македонски учители, нема катедра по македонски јазик по универзитетите во Атина и во Солун. Треба да се обучат учители и да дојдат тука, по македонските села, и да одржуваат настава на македонски јазик. Тоа треба да го направи Грција.

Во првиот период, кога за тоа немаме кадри, идеално ќе беше да се договорат Грција и Македонија и учители од Македонија да доаѓаат тука и да држат настава по македонските села. Ова сега што го зборуваме е научна фантастика. Ама проблемот е на грчката, а не на македонската страна. Принципиелно овој договор има многу слабости. Да бидеме искрени. И тоа го знаеме. И ние како Виножито рековме дека има многу слабости. Ова е уникатен пример кога една држава бара од друга држава да го смени Уставот, се меша во внатрешните работи на една соседна држава. И најнормално е во ваква ситуација еден човек да рече – сиктер! Тоа е нормалниот одговор на еден свесен Македонец, да рече немој да ми се мешаш во мојот дом.

Ама… ние настојуваме да бидеме конструктивни. Многумина забораваат дека уште во 1993 година македонската држава се согласи дека има проблем со Грција, но Македонците забораваат за оваа работа. Ако ме прашате мене, ние и тогаш покажавме голема слабост и тоа не требаше да го прифатиме во ОН. И тогаш требаше меѓународната заедница да му каже на Гркот, што правиш ти човече, ти си тежок националист, почитувај ја македонската држава. Ова е вистински принципиелниот пристап и став. Но не живееме во идеален свет, ниту пак во рајот./www.mkd.mk

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.