Среда, 14 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Катица Јанева: Груевски не е политичар и не може да бара политички азил!
(ВИДЕО) Катица Јанева: Груевски не е политичар и не може да бара политички азил!

Катица Јанева: Груевски не е политичар и не може да бара политички азил!

Четири милиони евра годишно троши инситуција која е водена од личност која не знае што значат термините „политичар“ и „политички азил“ – покажа синоќешната емисија „Правда и Неправда“ на 1ТВ.

Гостинка во емисијата беше специјалната обвинителка Катица Јанева, која го водеше обвинителскиот тим за случајот „Тенк“, во кој експремиерот Никола Груевски беше осуден на 2 години затвор.

Наместо да отиде во затворот во Шутка да ја излежува казната, осудениот во „Тенк“ вчера на јавноста преку фејсбук и соопшти дека побегнал во Унгарија од која бара политички азил.

Запрашана за коментар околу барањето за политички азил во Унгарија, Јанева даде “генијален“ одговор. Според неа, Груевски не може да бара политички азил, затоа што не е политичар!

-Па тоа не е политичар. Мислам дека е јасно дека господинот Груевски не е политичар, тој не е на висока функција, тој слободно се движеше низ Република Македонија. Дури и комуницираше со новинари и сите институции на нормален начин… – рече Јанева.

На ова интервенираше новинарката Гордана Дувњак, која на Јанева и рече „Велите не е политичар, тој можеби не е политичар на функција но сеуште е претседател на политичка партија.“

-Но тоа не значи дека е политичар! – триумфално поентираше специјалната обвинителка, по што новинарката Дувњак, за да ја извади Јанева од очигледните елементарни непознавања, одлучи да ја смени темата.

Иако Јанева има неколку десетици скапо платени советници, Лидер во оваа прилика ќе и пружи бесплатни совети во дисциплината наречена „општа култура“, користејќи го речникот на „Оксфорд“.

Дефиницијата за тоа што е политичар:

-Политичар е човек кој е инволвиран во политика, особено како избран на функција на непосредни избори. – пишува „Оксфорд“ во својот речник.

Независно дали го сакаме или не, дали се радуваме на неговата бежанија или не, мораме да признаеме дека по оваа дефиниција господинот Никола Груевски е политичар.

Тој скоро во целата своја кариера е инволвиран во политиката и на изборите во декември 2016 беше избран на функцијата пратеник на непосредни избори. По оваа дефиниција, но и по сите други можни дефиниции на планетата земја, сигурно е дека Груевски е политичар!

Неговото политичарствување (ова е термин кој го смисливме ние, не е изваден од речник), македонските даночни обврзници месечно ги чини околу 1500 евра, плата која ја добива од Собранието како пратеник, а ќе продолжи да ја добива и како потенцијален азилант (или затвореник) затоа што Собранието не му го одзеде мандатот.

Симптоматично е што Јанева не знае што е тоа политичар, ако се има предвид дека неколкумина станаа политичари, само затоа што печатеа маички на кои се наоѓаше нејзината силуета, заедно со силуетите на нејзините колешки Фатиме Фетаи и Ленче Ристеска.

Дефиниција за тоа што е политички азил:

-Политички азил е заштита обезбедена од државата за некој кој ја напуштил својата земја како политички бегалец. – стои во речникот на „Оксфорд“.

Политички бегалец може да биде секој оној кој е жртва на политички прогон (не инсинуираме дека Груевски е тоа!), а предмет на политички прогон може да бидат и луѓе кои не се политичари. Всушност, госпоѓо Јанева, најголем дел од политичките азиланти во светот не се политичари, туку се активисти, новинари, верски лидери или вработени во невладини организации кои бегаат од авторитартните режими во нивните земји кои ги прогонуваат.

За крај, да ги потсетиме нашите читатели дека Специјалното Јавно Обвинителство до сега има потрошено цели 12 милиони евра во своето три годишно постоење, а во затвор има само еден осуден! Господинот Ѓоко Поповски, кој вие драги читатели веројатно не ни знаете како изгледа.

https://lider.com.mk/makedonija/video-katica-janeva-gruevski-ne-e-politichar-i-ne-moze-da-bara-politichki-azil/

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.