|
||||
Тортевски јавно повика на линч на Груевски |
Александар Тортевски, чија адвокатска канцеларија дели правни совети и на СЈО, јавно побара државата повремено да му праќа на Груевски крупни батки да му го зацрнат животот Адвокатот Александар Тортевски, соработник на СЈО и Катица Јанева на дебата на Телевизија Телма, покрај тоа што го критикуваше МВР и вината за бегството на Груевски ја насочи токму кон оваа институција.Во еден момент Тортевски побара на поранешниот премиерот Никола Груевски, кој побегна и побара азил од Унгарија, да му се пратат луѓе во Будимпешта. Тортевски вели дека ако Македонија е сериозна држава треба на Груевски да му прати неколку луѓе за да го вознемири. Ако се сеќавате пред пет години при гостување во емисија, пукна најобична сијалица и Груевски беше подготвен веднаш да бега. Ако сме ние доволно подготвени како држава одвреме навреме да му праќаме по тројца луѓе кои што на улица ќе го поздрават најљубезно, некои такви крупни момци, ќе му се зацрни животот. Тој во секој човек што ќе го види ќе се плаши дали е Европол, Интерпол или некоја наша служба. Тој живее во пекол. – истакна Тортевски. Поранешниот претседателот на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски оваа изјава на Тортевски ја оценува како скандалозна. Прашање на кое не одговори Тортевски е дали неговата адвокатска канцеларија е ангажирана од СЈО за вакви правни совети? Објавил: Мирко Бачиќ/Магазин |