Петок, 16 Ноември 2018    Печати
Граѓаните кажаа дека се против промена на Уставот и уставното име
alt
Митовска: СДСМ смета дека граѓаните не заслужуваат да слушнат дискусија за договорот со Грција

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска во емисијата Отворено на Алфа изјави дека власта намерно го злоупотреби Деловникот и спогодбата со Грција ја разгледуваа на комисијата за европски прашања наместо на комисијата за надворешни прашања, го искористија европското знаменце за да се скрати рокот за три дена затоа СДСМ смета дека граѓаните не заслужуваат да слушнат дискусија за овој договор за кој јасно на референдум се изјаснија дека се против.

– Одлуката ја носат граѓаните, одлуката донесена на референдум е задолжителна за сите нас, а особено за власта. Граѓаните кажаа дека се против промена на Уставот и уставното име, односно дека се против спогодбата со Грција, потенцираше Митовска.

Таа посочи дека иако имавме неуспешен референдум сепак СДСМ насилно го тера договорот и се става на ДИК кој како официјален орган излезе со конечни и официјални резултати во „Службен весник“ дека референдумот не е успешен.

Во однос на водењето на целиот процес таа потенцираше дека тој наместо транспарентно СДСМ сама го водеше процесот таинствено далеку од очите на јавноста и без да бидат вклучени претседателот на државата и најголемата опозициска партија.

– Република Македонија не е само на СДСМ, таа на сите граѓани и ова прашање се однесува на сите граѓани. А СДСМ сами и своеглаво го започнаа процесот и до ден денес насилно го туркаат во Собранието на Република Македонија, нагласи Митовска.