Сабота, 17 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Владата мора да одговори колку пари годишно троши за советниците на Заев?
alt

Одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев безмилосно ги троши парите на граѓаните

Владата на СДСМ продолжува со криминалното и расипничко работење. Одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев безмилосно ги троши парите на граѓаните со една и единствена цел да ги задоволи апетитите на партиските послушници.

Додека 460 илјади граѓани во Македонија живеат во сиромаштија, Заев повторно вработува нов советник во владата, а за иронијата да биде поголема тој ќе го советува за социјални прашања. 22 отсто од граѓаните живеат со по еден оброк дневно, а Заев парите на граѓаните ги троши за исплата на своите партиски послушници.

Дури 33 од 57-те советници на Заев не доаѓаат на работа, односно седат дома и земаат плата. Ниту армијата од советници не успеа да ја спаси Македонија од елементарната непогода олицетворена во криминалниот картел на чие чело е Зоран Заев.

Македонија тоне на секое поле, a Љубе Бошковски не успеа да привлече ниту една странска инвестиција. Ленче Николовска не успеа да ја зголеми откупната цена на јаболката во ресенско од 1 денар за два килограми, а земјоделците наместо да го продадат во знак на протест по автопатите го фрлаа својот род.

Марјан Забрчанец наместо да ја зголеми транспарентност на Владата, се бави со лаги и манипулации на граѓаните и покривање на киксовите на власта. Ниту Александар Обрадовиќ заедно со неговите српски мешетари не успеа да ја спаси македонската економија од колапс.

Цветанка Ласкова единствено беше успешна во обезбедувањето над 300.000 евра за нејзината снаа.

Владата мора да одговори колку пари годишно троши за советниците на Заев? Резултатот го гледаме. Најслаба економија во регионот и Европа, криминални тендери, континуирано ограбување на народот, енормно задолжување на државата и комплетен крах на капиталните инвестиции. Овие резултати се достојно достигнување само за некое мафијашко здружение. Овие резултати се срам за која било влада. Ваквото расипничко трошење на парите на граѓаните мора да запре! Аболицираниот Зоран Заев и криминалниот картел околу него мора да си заминат!

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.