Понеделник, 19 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Ченто: Вратете ме во Шутка, во ваква држава чест е да бидете во затвор

alt

Ченто: Вратете ме во Шутка, во ваква држава чест е да бидете во затвор

-Нема да барам да ми даде куќен притвор или друга мерка, бидејќи моите браќа се во затворот во Шутка, неправедно држени во притвор повеќе од 11 месеци. Жалбата, свесен сум, дека секако ќе ми ја одбиете. Вратете ме во Шутка бидејќи во ваква држава чест е да бидете во затвор во вакво време- рече Јане Ченто на јавната седница на која се разгледуваше неговата жалба за продолжување на притворот за случајот 27 април во кој тој е еден од обвинетите.

Тој се пожали на селективна правда, рече дека по кој знае кој пат му се продолжува притворот без никакви аргументи и со копирани решенија и иста терминологија од претходните продолжувања на мерката притвор како и решенијата за другите обвинети.

– Како правник и граѓанин чувствувам селективна правда – рече Ченто.

Судиите од Апелација го прекинаа неговото излагање во два наврати потенцирајќи му да се држи до она што е напишано во решението со кое му се продолжува притворот.

Инаку Ченто имаше поднесено и гаранција од над 500.000 евра дека нема да избега, но ниту таа не му беше прифатена, па тој остана во затвор.

Неговата адвокатка Валентина Тодоровска на денешната седница во второстепениот суд рече дека останува на тоа што го напишала во жалбата и потенцираше дека решението за продолжување на притворот е паушално и нејасно, дека во него само се наведува дека постоеле оправдани причини како степенот на кривична одговорност и висината на запретената казна.

Од друга страна според мислењето на вишото јавно обвинителство кое го испратиле до Апелација, жалбата на Ченто и одбраната треба да се одбие како неоснована.

Republika.mk

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.