Вторник, 20 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

altПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

Водителот Миленко Неделковски на својот портал Дудинка за случувањата со Никола Груевски ќе го напише Следново


Но, во исто време Никола Груевски заминал таму каде што летовите кон Шенген земјите се третираат како domestic flights. Значи, дури и со редовен лет нема проверка од страна на полиција на патните документи. Проверката од ground staff-от е само за непосредна идентификација, па нема никаква врска со потерници на Интерпол. Значи, може да си лета за Хелсинки или Лисабон, и од овде СЈО да му го бричи со зелено џамче.

Тој во овој момент не е во Унгарија, но сите азилантски активности му се и ќе му останат во Унгарија. Заинтересираните страни што сакаат да си помуабетат со него (Турција, Русија, Кина…) можат да дојдат до Унгарија. А тој може да се види со АФД во Германија или десницата во Италија одејки до нив. Секако, кога беќе е Стив Бенон ставен во служба на Орбан, можат секојдневно да се на меланж и захер торта во слаткарниците низ Австроунгарија.

Кога ги доби бомбите Заев за да ја растури власта на Никола Груевски, и овој не остана должен со прибирање на материјали (снимени разговори) за СДСМ и неговото водство, за тајкуните во Македонија и нивните матни зделки и приватизации, и што е најинтересно со материјали за тоа што како договарале, оговарале и наредувале амбасадорите на САД, ЕУ, Британија, Франција, Италија, Германија, Холандија и Шведска. Плус, на ова весело друштво се и снимените разговори на странските дипломати што доаѓале во Скопје. Покрај снимката на Заев од кабинетот на Груевски, постојат стотици снимки на странски дипломати што биле кај поранешниот премиер, и со тоа докази за нивните уцени, закани и понуди. Како што Мијалков, Сиљан Верушевски и Верушевски собирале материјали за да се руши Груевски, така и овој си мал некои свои верушевчиња и мијалковчиња (или пак овие играле и на двете страни) кои му давале документација против Заев, Бејли, Хан, Могерини…

Според мене, тие материјали Никола Груевски беше должен јавно да ги сподели со македонскиот народ. За жал, тој тоа не го направи. Не ја искористи можноста да презентира на што се бил изложен и што се случувало на втората половина од политичката сцена во Македонија.

Наместо тоа, тој во 2015-та година заминува за Брисел каде во сдиштето на ЕУ, на високодостојниците на НАТО и на своите сестрински партии во ЕПП им ги понудил документите во хард копи. Имено, еден од неговите боди гарди носел голема, масивна, полна и тешка спортска торба со хартии, дискови, ЦД-а.

Ниту ЕУ, ниту НАТО, ниту пак ЕПП не бил заинтересиран да ја види и осознае таа вистина. Нов ги интересирала само вистината да се стигне до Тиранска платформа, договор со Бугарија и договорот од Преспа. Маките на Груевски и предавниците на Македонија не им биле интересен материјал.

Но затоа сега, при неговото заминување од Македонија, тој со себе носи не една, ами две такви торби со материјали. Покрај тоа што бара азил, што е во земја од каде нема екстрадикција, тој носи материјал за “Македонијаликс“, што по дефиниција го прави македонски Асанж или Сноуден.

Погодувате, Бенон многу, Ердоган ептен, а за Путин и да не говориме колку се заинтересирани за овие посластици каде има разговори со Хашим Тачи, Вучиќ, Ѓукановиќ, Борисов, врвот на ЕУ, дипломати од САД, Нуланд, Хојт Ји… Овие материјали ќе предизвикаат политички генг бенг на евроазиското плато.

Всушност тоа се адутите во ракавот на Никола Груевски. Она што го знам е дека се ептен интересни разговорите на Сашо Мијалков со Добрила Кацарска за време кога премиер беше Никола Груевски а се апсеа Велија а потоа и Заев.

Па така да сапунската опера продолжува.

Превземено од: МК ВЕСТИ

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.