|
||||
Кабинет на Орбан: Македонија има лошо судство и затвори,не сме сигурни дека Груевски имал фер судење |
Кабинет на Орбан: Македонија има лошо судство и затвори, не сме сигурни дека Груевски имал фер судењеМакедонија има лошо правосудство и очајни услови во затворите. Шефот на кабинетот на Орбан, Гергели Гулаш одговарајќи на пратеничко прашање изјави дека за ситуацијата во македонското правосудство говорат и извештаите на Европската комисија и Советот на Европа кои редовно даваат лоши оценки. Одговарајќи на пратеничко прашање во унгарскиот парламент како може Груевски да аплицира за азил кога влегол во Унгарија од Србија која е безбедна земја, Гулаш вчера кажа дека принципот на безбедна земја е важен, но според процедурата за барање азил треба да се земе предвид ситуацијата во Македонија со судскиот систем и условите во затворите, додавајќи дека не е сигурен дека Груевски добил фер судење при изрекувањето на двегодишната затворска казна. Медиумите во регионот веќе објавуваат дека Груевски добил азил од Унгарија. |