Вторник, 20 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Проф. др. Игор Јанев: На потег е Претседателот Ѓеорѓи Иванов

janev

Проф. др. Игор Јанев: На потег е Претседателот Ѓеорѓи Иванов

Косово изгуби во Интерпол. Но Косово покажа што треба Македонија со името (Република Македонија) треба да прави во Генералното собрание на ООН, каде за продолжување на членството под уставното име (Република Македонија) се гласа со простото мнозинство (а не со 2/3 мнозинство, бидејќи ние сме членка на ООН). На тој начин се решава „проблемот со името”. Не со преговори или договорот, туку со призвнавањето на уставното име во ООН!

Македонија не е рамноправна со другите земји-членки на ОН и Генералното собрание на ОН на следната седница треба да ја разгледа резолуцијата што бара земјава да го продолжи своето членство во организацијата под уставното име. Ова е дел од нацрт -резолуцијата која Игор Јанев, професорот по меѓународно право му ја предлага на Ѓорѓе Иванов, претседателот на Република Македонија. Во предложената резолуција што Иванов треба само да ја потпише се вели дека условите за прием на Република Македонија во ОН се во спротивност со одредбите на Повелбата на ОН. „Изборот на сопствено име од страна на државата не создава меѓународни правни права за таа држава, ниту пак се наметнуваат правни обврски на други држави. Затоа, името на една држава само по себе нема никакво значење во квалификациите кои можат да се земат предвид за приемот на таа држава во ОН.

Јанев, професор од Институтот за политички студии во Белград вели дека претседателот Ѓорѓе Иванов оваа резолуција треба само да ја препрати до генералниот секретар на ОН António Guterres. Професорот Јанев потсетува дека името на една држава (те. правен идентитет на едно меѓународно правно лице) е суштински елемент на правното лице, и изборот на сопствено име од страна на државата е вродено ИНХЕРЕНТНОТО право на таа држава и е во строга смисла на зборот во доменот на нејзината најтесна домашна надлежност.

„Предложеното писмо (од Иванов до Бан Ки Мун) со нацрт резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН) претставува еден од двата модалитета за решавање на проблемот со името. Писмото што е предложено подразбира Генералното собрание да постави барање за советодавно мислење од Меѓународниот суд за правдата (МСП) во Хаг за легалитетот на специфичните дополнителни услови при приемот на Македонија во ОН. Во овој процес се користи веќе даденото советодавно мислење на судот од 1948 година според кое дополнителните услови при приемот на држава-кандидат не се легални, ниту пак дека за такви услови органите на ООН смеат да гласаат“, вели во изјавата професорот Јанев.

Според него, доколку Генералното собрание постави такво прашање до МСП, поаѓајќи од преседанот направен во 1948 година со првото судско мислење, Судот треба да се прогласи за надлежен и да изнесе став дека при приемот на Македонија во ОН се поставени дополнителни услови и дека таквите НЕ се легални. Оттука, за нелегални ќе се сметаат „деноминацијата“ (референцата) Бивша Југословенска Република Македонија-БЈРМ и обврската за преговори за сопствено име, односно сопствен правен идентитет или името.

„Советодавното мислење како одговор се враќа во ГСОН кое пак ќе треба само да го прифати мислењето и да ја елиминира референцата-деноминација БЈРМ, заедно со нелеганото барање за преговори за името. Со оваа иста резолуција всушност треба да се овозможи правото на користење уставното име во ОН - Република Македонија.

Со ова, постапката за името завршува и го продолжуваме члеството како Република Македонија, вели Јанев и потсетува дека постои и вториот модалитет со директно воспоставување на името во ОН. За овој модел- го продолжуваме члеството како Република Македонија, треба да се користи аргументацијата за дополнителните услови направена од МСП (советодавното мислење од 1948 година) бидејќи треба да се оправда гласањето во ООН за замена на рефереирање - деноминацијата БЈРМ со уставното име Република Македонија. Простото повикување на фактот дека преговорите за името пропаднале не е доволно. Само доколку земјите во Генералното собрание на ОН се убедат дека е направено прекршување на Повелбата на ОН, ќе се гласа за замена на деноминацијата и продолжување на членсвото во ОН под Република Македонија.

И во овој модалитет како и во претходниот се гласа со просто мнозинство од присутните кои гласаат во ГСОН. Прекинување на Времената спогодба не е потребно бидејќи inter pares договори, како Времената спогодба не ограничуваат акции и одлуки на ГСОН.

Конечно, веќе 22 години Реублика Македонија собираше потенцијал од државите – членки на ОН кои не признале како Република Македонија. Денес 140 членки на ОН Сега е време овој потенцијал да се искористи во ГСОН.

На потег е Ѓеорѓи Иванов.

Рез. 817. препорака на Советот за Безбедност НЕ е предмет на поништување или дерогирање! За ова види во AJIL. Повеке види во МСП Советодавната јурисдикција.

СБ нема примарно место во одлуките за членство и статусот во ОН, туку Генералното собрание, така да ние не ја менуваме препорака на СБ 817, туку продолжуваме членството.

Генералното собрание донесува одлука, на ПРЕПОРАКА на СБ. Одлуките на ГС се обврзувачки по статусни прашања за ООН! Ние само ја применуваме постапката на МСП од 1948 , види АЈИЛ (1999). Тоа се е потврдено во мегународното право. Исто така треба да се каже и следното. Проблемот не е БЕЗБЕДНОСЕН, како што лаички се мисли во Македонија, бидејки за безбедносни прашања Генералниот сретаријат редовно поднесува извешати до ООН. Сега ако ги прекинеме преговори за името, Нимиц може само да поднесе извештај до Генералниот секретаријат, а овој може а и немора да се пожали до Советот за безбедност. Но Советот за безбедност неможе да донесе каква било резолуција со која би оневозможил акција во Генералното собрание на ООН или Мегинародниот суд за правдa.Советот при овој процес не може да донесе обврзувачка резолуција.

Општото правило дека една безбедносна резолуција при нејзиното „поништување“ или тнр. „дерогирање“ мора да биде заменета со другата безбедносната резолуција (пр. Рез. 817 со некоја друга) не важи за приемните резолуции на Советот за безбедност во ООН, посебно ако не се спомнува Глава VII од Повелбата или повикување на мерки воведени со „цел зачувување на мирот и безбеноста”, а ова не е случај ниту со Резолуцијата 817, ниту со Резолуцијата 845 на Советот. Овие две резолуции не се „безбедносни“ акти и проблемот не е „заклучан“ во Советот за безбедност.

(Доколку пример Резолуцијата на Советот беше од „безбедносен“ карактер Македонија не би ни можела да се зачлени во ООН. Ова важи и за секоја држава која аплицира за членстово во ООН односно Приемните резолуции не смеаат да содржат безбедносни елементи или да имаат „безбедносен“ карактер. Односно Македонија ниту, имала, ниту има активен спор со ниту една држава членка на ООН).

Битно е да се знае дека правен принцип на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ (JUS COGENS), не се однесува само на народи и не е само колективното право, туку ДРЖАВНО ПРАВО односно меѓународно право на државата.

Покрај човековите колективни права, постојат и следните категорији-области права:

1. Права на ДРЖАВИ;

2. Права на земји КАНДАДИАТИ за ЧЛЕНСТВОТО во ООН;

3. ПРАВА НА ДРЖАВА ЧЛЕНКА на ООН.

Токму за овие последните три категории права станува збор.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.