|
||||
Мијалков не е член на ВМРО-ДПМНЕ |
Арсовски: Мијалков не е член на ВМРО-ДПМНЕ, не ги знаеме деталите за неговото приведувањеСашо Мијалков повеќе не е член на ВМРО-ДПМНЕ. Не сме запознаени со деталите и причините за неговото приведување. Раководството на партијата подолго време нема комуникација со Мијалков, изјави портпаролот на ВМРО-ДОМНЕ Димче Арсовски . ВМРО-ДПМНЕ го исклучи Мијалков од партијата заедно со Јанчев и Костадинов. Според ВМРО-ДПМНЕ токму Мијалков бил најголемиот виновник за „предомислувањето“ на група нивни пратеници кои на 19 октомври гласаа спротивно на политиката на партијата и ја поддржаа промената на Уставот според Договорот од Преспа за промена на името. Од вчера поранешниот шеф на УБК е во притвор во затворот во Шутка на барање на СЈО за предметот „Тврдина-Таргет“. |