|
||||
Груевски ќе ја сруши власта на Заев од Унгарија?! |
Анализа: Груевски ќе ја сруши власта на Заев од Унгарија?! Во блиска иднина ќе биде кандидат за Претседател на Македонија? Поранешниот Премиер Никола Груевски од Унгарија со својот азил и неговиот предмет изнесувајки го на меѓународно поле може до толку да ја раздрма Македонија и власта во неа ,но да ги порази и поврзаноста на бирократите од ЕУ и САД кој дејствувале надвор од своите надлежности со мешање во внатрешните работи на Македонија . Исто така би можел да добие битка со која би ги поразил сите оние кои дејствувале во спротивност на нивните официјални политики кон Македонија. Едно вакво размислување доаѓа од правните акти кој ги презема Никола Груевски со добивањето на азил токму во една Европска држава која го уважува и го констатира политичкиот прогон кон бившиот премиер Груевски а со тоа и мешањето на сите инволвирани во проектот наречен „Волшебникот од Оз„ 1 и 2 кој го предводи длабоката држава со помош на ЕУ бирократи за промена на Уставното име на Македонија ,а тоа значи под лупа сите процеси со „Шарената револуција„ ,насилното буткање на Груевски од власт како победник на изборите,со политичкиот инжинеринг со уценувањето на дел од партиите од Албанскиот блок ,немањето доволно пратеници за избор на Талат Џафери па се до купувањето на пратениците со уцени и пари до отварање на Уставот на Македонија со цел промена на името. Груевски ја води играта од Унгарија засега и доколку успее да ги докаже сиве овие конструкции за неговиот прогон и со „бомбите„ во Македонија кој беа презентирани само против ВМРО-ДПМНЕ и со тоа сите уценувања и удари кон ВМРО останува да се види. Едно е јасно ,власта не може да си опрости што Груевски им избега пред очи и со себе има доволно материјал за да ја води ова битка од Будимпешта . Ова што ќе следува наредниот период на таа тема ќе доведе до многу драматични расплети на македонската политичка сцена и конечно исчистување со сите ликови од транзицијата кој до ден денешен роварат во Македонија и ја теглат надолу. Доколку ова битка успее да ја добие Никола Груевски ќе ја добие и Македонија како држава,каде одпосле сите овие турбуленции ќе ја очекува мирни води и прогрес.Но дали ќе успее во својата намера на разобличување на овие политики усмерени кон Македонија ,бившиот Премиер на Македонија останува да видиме. Во Македонија од страна на членството на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ужива почит и голема доверба и се шпекулира во партиските кругови дека нема да е за чудо Никола Груевски во блиска иднина да стане идниот Претседател на Македонија. Иако засега на многумина ова им се гледа како пуста желба ,но не е далеку од она што чекор по чекор ќе доведе до моментот каде Македонија ќе го доживее Никола Груевски како херој на поновото време во Македонската историја. Власта откако им избега Груевски е во паника и во очај бидејки не е сигурна што има материјал Никола Груевски за севкупната ситуација,можеби ќе изненади Груевски и со нови компримитирачки материјали кон власта бидејки не смее да се заборави дека Никола беше 11 години беше прв човек во Македонија и не смее да се гледа како човек кој не ги познава нештата а за потсетување само ,дека го имаше Заев со ПИМ мерки по закон како бара мито,како го уценува со бомбите ,сепак имал некакви информации кој се чекор пред лидерот на опозицијата. |