|
||||
Договорот со Грција е штетен, асиметричен и капитулантски |
Мицкоски:Договорот со Грција е штетен, асиметричен и капитулантски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повтори партискиот став за Договорот од Преспа во вечерашното интервју на 1ТВ. Тој потенцираше дека договорот е капитулантски, штетен и асиметричен за Македонија. Мицкоски посочи дека истиот ќе има последици во периодот што доаѓа, последици и замки на сметка на Македонија, особено во процесот на интегрирање на државата во Европската Унија. -За нас овој договор е навистина асиметричен, штетен капитулантски како што сме го нарекле многу пати во минатото. И сите оние последици кои во периодот ќе доаѓаат, а на кој што ќе биде сведок македонската јавност се дополнителни замки во процесот на македонското интегрирање во рамките на Европската Унија. Просто е невозможно тоа што е зададено како цел во рамките на тој период кој што е зададен како цел да биде реализирано, вели Мицкоски. |