|
||||
ВМРО излегува на улица, да го поразиме црното владеење на Заев |
ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица, да го поразиме црното владеење на Заев Да го направиме последниот напор и да останеме заедно, зад АМАНЕТОТ, зад ИДЕАЛОТ, за неа, за Македонија! Социјалдемократите се здружија со ѓаволот само за да дојдат на власт и со помош на 8 продадени души - пратеници, сакаат да го уништат македонскиот народ и неговата држава. Вистинскиот ВМРО-вец не трпи уцена, вистинскиот ВМРО-вец знае како да добива и како да губи, знае да падне, за да мора потоа да се исправи, погорд и посилен од порано. Драги мои ВМРО-вци, не дозволувајте нашиот идеал да се сруши.Зарем Македонија го заслужува тоа? Секој Македонец треба да се чувствува ВМРО и да ја спроведува идеологијата на четирите букви. Да излеземе на првиот протестен марш кој ќе се одржи во среда на 28 ноември во 17.00 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ до Владата на Република Македонија Протестот ќе продолжи и во други градови во Македонија, чекор по чекор ќе се отргнеме од ова зло. |