|
||||
Со протестен марш да се спротиставиме против црнилата на СДСМ и Владата на Заев |
Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
Јанушев: Со протестен марш да се спротиставиме против црнилата на СДСМ и Владата на Заев
Македонските граѓани го живеат најцрното владеење, најцрното владеење на најнеспособната влада во историјата на Македонија. Од периодот што измина единствено може да се заклучи дека оваа неспособна влада не испорачува резултати и води штетни политики за државата и за интересите на граѓаните. За година и половина власт нема ниту еден капитален проект со кој може да се пофалат, но затоа има криминални тендери, корупција, сомнежи за тешки проневери и изневерени очекувања. Во една ваква една ситуација, не е само наше право, туку пред се е наша обврска да се спротивставиме на овие црнила. Токму затоа денес ќе се протестира. Протестен марш против црнилата на СДСМ и Владата на Заев.
Но исто така ќе протестираме и против политичките, економските и општествените црнила.
Второ, поради сиромаштијата која расте, и даноците кои се зголемуваат, а џебот на граѓанинот е се попразен.
Трето, пред се поради загрозеното здравје на граѓаните.
Затоа секој еден кој се пронаоѓа во една од овие причини го повикуваме да ни се приклучи на протесниот марш кој започнува од Плоштадот „ВМРО“ до пред владата на Република Македонија денес со почеток во 17 часот. Ја даваме раката, затоа што сите граѓани делат исти маки и проблеми, сите граѓани од сите националности и вери. И нема да застанеме тука, ќе продолжиме со протесните маршеви и собири во наредниот период во Скопје, но и во останатите градови од нашата држава. Ќе продолжиме се до конечната победа. Народот е со нас, и оние кои ќе дојдат, но и оние кои поради притисоци, закани и уцени нема да се приклучат, но силно не поддржуваат бидејќи знаат дека ова црно владеење ја уништува нашата држава. Чекор по чекор, ние ќе истраеме и успееме. Затоа што целта ни е Македонија, македонските граѓани и нивната иднина. |