Сабота, 01 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат
alt
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил пишува дека не поминаа 24 часа демантот за лажната надеж на Зоран Заев за раст на странските директни инвестиции вчера стигна од НБРМ.

-Во третото тромесечие наместо раст имаме одлив на странски инвестиции и минусно салдо. Црн минусен биланс и одлив на странски директни инвестиции.

Завчера премиерот Заев во Собранието изјави дека Странските директни инвестиции во 2018 година ќе ги надминеле претходните три години од владеењето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој укажа дека во првите два квартали странските директни инвестиции биле добри, а во наредниот период ќе биле уште подобри.
Вчера веќе стигна демант од Народната Банка на Република Македонија.

Имено, Народната банка на Република Македонија ги објави податоците за Билансот на плаќања и странските директни инвестиции во Република Македонија. Согласно податоците, во третиот квартал од 2018 година, не само што нема прилив по основ на странски директни инвестиции туку има одлив. Имено, во Q3 2018 година по основ на странски директни инвестиции се одлеани 5,9 милиони евра. Значи се одлеале близу 6 милиони евра.

Значи во Q3 2018 година не само што нема прилив по основ на странски директни инвестиции туку има одлив. Како основна причина за ваквата состојба е податокот што во Република Македонија во 2018 година речиси и да нема нова странска директна инвестиција, додека истовремено фирмите од Технолошко развојните зони се воздржуваат од инвестирање и се повеќе ги враќаат кредитите од своите мајки фирми, а своите профити ги изнесуваат надвор од РМ.

alt

alt

Премиерот Заев се пофали со добрите податоци по основ на СДИ во првиот квартал од 2018 година. Тој всушност се фали со еден поголем прилив од една поголема странска инвестиција во Технолошките индустриски развојни зони донесена во времето на ВМРО. Истата фирма која уплати и поголема сума во буџетот на РМ по основ на данок на добивка.Погубната економска политика на Владата на СДСМ навистина прави огромни штети во Република Македонија, стои во објавениот статус на Мицкоски.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.