Сабота, 01 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
АСНОМ ДА, РАМКОВЕН НЕ!
alt

Сотир Гроздановски-Македонски

ДО КОГА БРАЌА И СЕСТРИ ВАКА, САМИ ПРОТИВ СЕБЕСИ?

"Браќа и сестри по род, да ги зарамниме еднаш засекогаш длабоките бразди на делби и омрази: Во омразата нема ни иднина ни надеж! И вие сите други браќа и сестри кои судбината ве принудила да живеете на овој простор, заедно со нас, вклучете се во нашето единство, зошто заедно секогаш ќе бидеме посилни и појаки, пред евентуалниот непријател и обратно, зошто желбата на непријателот е таква. Значи, само здружени и со меѓусебна доверба ќе бидеме секогаш и секаде посилни"

Петре М. Андреевски

Срцето човека да го заболи и да умре од тага. Да умре полека и во агонија, која самите си ја подготвуваме од поодамна. И не само од времето на сегашните властодршци во Македонија, туку уште од времето кога одново се раѓаше македонската држава. Се раѓаше во македонското свето место, манастирот "Св. Прохор Пчински", после победата над фашизмот и домашните квислинзи. Во далечната и не така далечна, 1944 година. Таму, кога со еуфорија и сенародна радост Македонците излегуваа од една ера на ропство кое премногу траеше, за да би се, ете така и лесно заборавило и влегуваа во друга, нова, ера на својот препород, полна со неизвесности и желби за прогрес и благосостојба.Таму, кога покрај доброто, се будеше одново и злото кое трае до ден деншен. Кога младите и се' уште "зелени" македонски синови и ќерки, подржувани и заслепувани со космополитските идеи на "новите" времиња, се судрија со традиционалните и искусни македонски родољуби, чија визија за слободна, суверена, независна и обединета Македонија одамна им беше трн во очите на светските зли сили. Сили, губитници во борбата со македонскиот народ. Губитници, зошто не беа толку итри и способни да ја предвидат преродбата на Македонците и создавањето на Република Македонија.

Уште тогаш, со прогон и ликвидирање на најдобрите синови македонски, во чии срца имаше љубов само за самостојна, слободна и независна македонска држава, се создаваа погодни услови за остварување на она што денес ни се случува: Изнаоѓање соработници за конечно завршување со Македонија, нејзиниот народ, македонската култура, и бришење на македонските придонеси во развојот на светската цивилизација.

И за чудо, не требаше многу да чекаат. Недолго по суровото растурање на заедничката здржава, СФРЈ, се тргна во хајка и по ова мало парче македонска земја и народ, кој сам не беше подготвен да се брани со сите внатрешни и надворешни душмани. Требаше само година две, да се разграби народниот имот спрема плановите и "помошта" на сојузниците и "пријателите" од времињата на Втората светска војна, да се фрлат на улица на стотици илјади Македонци; да се осиромаши и до гуша задолжи државата и подготви македонскиот народ, така кутнат на колена, за срамна и понижувачка капитулација!

Во гладот очите се големи! Велат народните поговорки! Гладниот народ прифаќа се' што ќе им ги наполни устите со корка леб и чаша вода. Ефикасните стапици, НАТО и Европската унија, пак, одма се понудија како "едина" алтернатива за спас од "сиромаштијата". Но, не и безусловно.

"Прво името на државата и уништување на македонскиот идентитет, па после разговори за евентуално приклучување во евроатланските асоцијации, во некоја неизвесна иднина". И сега ечат во нашите уши злобните и заканувачи немушти гласови кои излегуваа од устата на господинот Столтенберг, генерален секретар на НАТО, при неговата предреферендумска посета на Македонија.

Внатрешните квислинзи, собрани околу СДСМ и Албанците околу своите политички партии, како гнезда на аболицираните терористи од војната во 2001 година, збогатени со грабење на народниот имот и заштитени од своите надворешни ментори и советодавци, притоа втурнати в ќош и уплашени за својот плен, како диви sверови прифатија се', само нивните смрдливи кожи да останат цели. Без отпор и со задоволство станаа нивни соработници во извршување на плановите за самоуништување на Република Македонија и македонскиот народ. И не само тоа. Набрзина договорија промена на името на Македонија во "северна" Македонија заедно со елиминирање на македонкиот идентитет со сите национални атрибути, вклучувајќи ја историјата и јазикот македонски: Прво со Бугарија, потоа со албанските националисти и аболицирани терористи во Македонија и на крајот со Грција како капак на празното тенџере, за потполно демолирање и бришење на се што постои со името македонско.

СДСМ и албанските политички партии во Македонија, како гнезда на злото, им се понудија за таа погана работа, зошто, само тие, како изворни непријатели на македонските национални интереси и виновници за грабежот на народниот имот беа волни таа предавничка работа со мирна душа и "чиста" совест да ја завршат во полза на заинтересираните страни: Западот,Европската унија и НАТО, како "спасители" на светот од измислените непријатели богати со сировини, потребни за нивните војни машини.

Е, сега дојдовме до причините зошто се најде и изнајде Албанецот "христијанизиран" од Македонците, Зоран Заев, да биде предводник на деструктивната "коалиција" за последно и конечно решавање на "македонското" прашање. Затоа, што како на еден од најголемите криминалци на Балканот и учесник во масовниот грабеж во Македонија, секирата на правдата му висеше и се' уште му виси над главата, од која неможеше да се извлечка, па и да сакаше, а да не остане за глава покус.

Се разбира, еден помал дел од македонскиот народ, оној околу СДСМ, од сите причини горе наведени, ја прифати играта на изродите и продадените души во земјата, делумно уверен дека ситуацијата нема никогаш да ескалира до степен, со кој би дошле во прашање македонските национални интереси и понатамошното постоење на македонската држава и идентитетот на Македонците. Да дојде до степен на самоуништување и деструкција.

Со ескалирањето на неизвесните позици на Македонија и безбедноста на Македонците, македонските политички "лидери", пак, од скоро сите македонски политички партии си се повлекоа секој во своите сигурни дувла, чекајќи бурата да помине. Многу од нив вработени во администрацијата, со која брзо завладеа Зоран Заев, решавајќи ги своите егзистенцијални прашања и потребите на своите семјства, си ги заборавија обврските и силните ветувања, и така со дикат и "мудрост" застанаа на неговата страна, зошто ни тие не беа сосема чисти и неповредиви од странските закани и уцени. И се' уште се!

А народот? Па народот, како и секогаш оставен сам и обезглавен , се брани, верува и понатака се храни со нивните лаги и празни ветувањата, дека се "работело" на уривање на овој ненароден режим и дека слободата од "злосторниците" заробена, наскоро ќе биде "ослободена" и нашата мила и драга Македонија ќе просперирала како (Северна Македонија). Хунтата на СДСМ и Зоран Заев, како едини неверен Томе, ќе си заминел во историјата и Сонцето одново ќе ја загрее земјата.

Но и хунтата не спие. Плански ги ликвидира и "јаде" потенцијалните "загрозувачи" на Слободата во заевото општество "еднакво" за сите. Баш така, и на начин, како и нивните предходници во времињата после Втората светска војна за време на АСНОМ, и подоцна, ја враќаа слободата "заробена" од елементите на Фашизмот и Сталинизмот. Тогаш, кога желбите и ентузијазмот на Македонците ги достигнаа своите највисоки дострели и можности за национално и територијално обединување.

И дури ние обезглавени и закрвавени меѓу себе се' уште се држиме и веруваме во вредностите на европската демократија, со кои не хранат нашие "лидери", Албанците обединети ко хиени, си ги реализираат своите себични агенди.

Затоа, мој народе македонски, времето дојде кога треба да ги закопаме борбените секири за секогаш; да ја вратиме меѓусебната љубов и слога и еднаш за секогаш обединети, под знамето на Македонија, да му покажеме на светот, кој не гледа од надвор, дека македонскиот народ не е каша од глина, со која некој може да прави стомни. Дека и ние имаме сила со која можеме да си ја вратиме судбината во свои раце, како и нашите претци што правеле през историјата која денес, Зоран Заев ни ја продава како роба, од своите фирми.

Да ги исчистиме македонските полиња, родни, од куколот кој ни ја покрива пшеницата и не турка во подлабока беда и сиромаштија. Да ја исчистиме државата македонска од секакви внатрешни изроди и предавници, да ја вратиме правдата и слободата и кренеме во нови победи со кои ќе си го повратиме изгубеното самопочитување и погазеното ни човеково и национално достоинство.

Имаме способни, храбри и луѓе, чесни и не корумпирани кои можат и се подготвени македонскиот кораб пак да го насочат кон историската света цел. Цел, која живот значи за сите нас.

Само обединети под едно знаме, македонско, можеме да формираме македонска Влада еднаква за сите.

Раководствата на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и многу други политички партии си го "одработија" својот дел од зацртаните задачи и агенди и време е да си одат во историјата со сите свои "успеси" и предавства. Народот е сит од нивните "способности" и "чесни" намери со кои се справуваат во борбата за спас на Македонија. Македонскиот народ има право да се реорганизира и подготви за одбрана на својата држава и самиот себеси од внатрешни и од надворешни непријатели. Историските и чесни букви ВМРО пак се извалкани од неспособни, изродени и предавнички души. Тоа од секогаш било на нишанот на Европа, а особено на Бугарската држава, што се докажа како точно и во овие пресудни денови за македонската држава и македонскиот народ.

Пресудната битка за спас на Македонија бара национално единство, без "лидери" кои не напуштаат на првиот испукан фишек. Ни треба организација со водачи кои ќе си го најдат својот интерес во заедничкиот народен и национален просперитет, благосостојбата, безбедноста и цивилизацискиот дострел на општеството, кое им ја доверува палката на управувачката моќ.

Македонска сенародна организација која ќе биде обединувачка и со водачи кои ќе бидат подготвени да станат на чело и го поведат македонскиот народ во одбрана на националните интереси и заштита на државата, Република Македонија.

Еднаш ја загубивме македонската држава. Тогаш, после смртта на големиот и прав македонски водач и појавата на алчноста за власт кај неговите "најверни" генерали и другари. Тогаш, кога неединството помеѓу оние кои беа столбови на Монархијата беше повод и резултат на сите несреќи и понижувања од времињата на Римјаните, Турците , Бугарите, Грците, Албанците, Србите, до сегашниве денови, од самите себе.

Тоа беше времето после смртта на Александар Македонски, се' до 168 година пред Христа, кога Римјаните ја намирисаа крвта на ранетиот македонски Лав и зад плеќи го нападнаа и во четири нерамни војни, го совладаа. Ќе дозволиме ли истата несреќа да ја поновиме и во времето на предавникот Зоран Заев?

Од нас зависи се'! Не од Грците, не од Бугарите, а најмалку од Албанците! Затоа:

САМО ОБЕДИНЕТИ ПОД ЕДНО ЗНАМЕ И ИМЕ, МАКЕДОНСКО, МОЖЕМЕ ДА НАПРЕДУВАМЕ, АКО НЕ САКАМЕ ЗА СЕКОГАШ ДА НЕСТАНЕМЕ! ТОА Е МОЈАТА ПОРАКА И ПОРАКАТА НА СИТЕ РОДОЉУБИ И ЧЕСНИ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! ДРУГА АЛТЕРНАТИВА НЕМАМЕ! НИЕ СМЕ СУВЕРЕН ВО НАШАТА, МАКЕДОНСКА, ЗЕМЈА, НИЕ СМЕ ОДГОВОРНИ ЗА СЕБЕ И ЗЕМЈАТА КОЈА  Е НАША ПРВА И ЕДИНА ЗА СЕКОГАШ ТАТКОВИНА, А НЕ НАТО И ЕВРОПСКАТА УНИЈА, ДО КОЛКУ БАРААТ  И ПОНАТАКА САМИТЕ ДА СЕ УНИШТИМЕ!

За секогаш, Ваш Сотир

http://www.bukovo36.com/440895126?fbclid=IwAR3oCCZMR2fuXqqJdAYLCXlwzVjccNoeaxsnw9Xtsj3uhYlzhRHLh4PXuJs

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.