|
||||
Разоткријте ги угнетувачите |
Бил Николов од Канада до МК политичарите: Одбранете го името, нека има последициБил Николов, лидерот на Македонското Меѓународно движење за човекови права од Канада бара македонските политичари по секоја цена да го бранат името на државата без разлика на последиците. Николов бара македонските политичари да откријат кои се угнетувачите на земјата. “Не можам веќе да го слушам македонските политичари како зборат дека ќе имало последици ако го бранат македонското име. Ако има последици за бранење на едно од основните човекови права, нека има. Разоткријте ги угнетувачите”. ММДЧП е една од најактивните организации на Македонците во дијаспората која што не е поврзана со политички партии во Македонија. |