|
||||
Што се случи за една година власт за да СДСМ попушти и да го предаде името |
Димков> Што се случи за една година власт за да СДСМ попушти и да го предаде името
Спорот со Грција колку што памтам јас и имам сведоштва, од моите кои што ми кажувале приказни, до она што го читам во литературата, векови, од пред Христоса, Александар Македонски и така натака, но проблемот е како сега тие вековни Македонци нашле сила да се одбранат и опстојат и да го зачуваат името Македонија, ова од собраниската говорница го изјави Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ. -Што се случи со една година власт СДСМ да попушти и да го предаде името. Сето тоа се случува само со една намера да се формира влада и власт. За волја на вистината изгубивте на изборите, а единствена шанса за да дојдете на власт и моравте да ја прифатите е прифаќањето на горчливите решенија и одлуки, катастрофални за Република Македонија. Оваа спогодба што се потпиша е само можност за власт и функција, а допрва не очекуваат предизвици и за влез во ЕУ и НАТО ќе мора малку повеќе да направиме, но со вашите секојдневни примери, однесувања и владеење сум загрижен дека нема да успееме, рече Димков. Тој додава дека влезот во Европската унија и НАТО не е едноставен, таму се почитува правото, законите, судството, образованието, па дури и чистиот воздух каде сме светски прваци. |