Вторник, 04 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
Македонија се соочува со најголемиот предизвик од нејзиното формирање!

alt

ИВАНОВ ОД ПОЛСКА: Македонија се соочува со најголемиот предизвик од нејзиното формирање!

Република Македонија се соочува со можеби најголемиот предизвик од нејзиното формирање, а тоа е да се одрече од историското право и правото на самоопределување, рече македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на денешното предавање на Универзитетот во Вроцлав, во рамки на работната посета на Република Полска, соопшти неговиот кабинет.

-Грција со Спогодбата од Преспа ни наметнува ново име и бара истото да се применува erga omnes – и за меѓународна и за домашна употреба. Предвидено е да го промениме Уставот. Преку оваа спогодба, Грција ќе добие постојан надзор за тоа како ние ќе се именуваме себе си, но и како другите држави ќе ни се обраќаат нам, рече претседателот Иванов.

Со Спогодбата, како што наведе, „ќе се преименуваат институциите, ќе се цензурира содржината на учебниците на нашите деца, ќе се спречува правото на граѓаните да го изразуваат својот македонски идентитет“.

-Се регулира именувањето на нашиот македонски јазик. Еден многу важен дел од нашиот начин на живот ќе зависи од волјата на Грција. Тоа е цензура на светот и автоцензура на колективната свест на македонскиот народ. Тоа е насилство врз нашата историска меморија. Она што грчката држава им правела на Македонците во Грција, сега, со Преспанската спогодба сака да им го направи и на Македонците во Република Македонија, рече претседателот Иванов.

Во предавањето на Универзитетот во Вроцлав, Иванов се осврна на делото на Блаже Конески, кој како лингвист и книжевник се посветил на развојот на македонскиот литературен јазик, и кому во 1973 година му беше доделен почесен докторат на Универзитетот во Вроцлав.

– Со сè што правеше, Конески и неговата генерација за многу кратко време го издигнаа македонскиот јазик во современ европски јазик со светла иднина. Но, таквиот успех ги разбудил старите балкански сеништа на негирањето. Македонскиот јазик и денес сè уште се соочува со бројни оспорувачи кои, обидувајќи се да го избришат или преименуваат, вршат еден вид симболична опресија врз македонскиот идентитет, рече претседателот Иванов.

Најголемиот показател за вредностите на една нација, според македонскиот претседател, е консензусот околу она што не е за продажба, она за што не може да се пазари и преговара.

-Денес, за жал, некои од големите придобивки за кои се изборил се доведуваат во прашање. Дојдоа генерации кои како да го заборавија заветот на Конески и почнаа да се пазарат со оние кои претендираат да го држат клучот на нашето минато, рече претседателот Иванов.

Тој посочи дека нашата сила е во нашата различност, а нашата различност е гарантирана со нашето единство. – Израз на тоа единство е македонскиот јазик, рече претседателот Иванов.

Говорејќи на тема: „Мостови на пријателство и соработка: Македонија – Полска“, претседателот Иванов истакна дека Република Полска е голем пријател, искрен партнер и гласен поддржувач на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, и дека Полска поддршката ја покажа на дело за време на европската мигрантска криза. Посочи дека Полска ги отвори вратите за македонските деца бегалци од Граѓанската војна во Грција и им стана втор дом на бездомните и прибежиште на прогонетите, кои денес се силен мост на пријателство меѓу двете земји и народи. Но, како што рече, освен на полската држава благодарни сме ѝ и на полската наука.

-Полската наука покажа жив интерес за Македонија и за македонскиот јазик. Во време кога соседните пропаганди вршеле присвојување на македонскиот јазик, познатиот славист Мјечеслав Малецки недвосмислено изјавил дека македонските дијалекти не треба да се третираат ниту како српски, ниту како бугарски, но како посебен јазик, рече Иванов.

Шефот на македонската држава рече дека како што Република Полска е на страната на правдата, така полската наука одлучно стои на страната на вистината.

Чувањето и творењето на македонски јазик, порача претседателот Иванов, е обврска кон минатото и влог во иднината. Чувари на тој јазик и тоа наследство, како што рече, се и сите македонисти, особено полските македонисти. Посебно важно место, според претседателот Иванов, зазема македонистичката работилница при Институтот за словенска филологија на Вроцлавскиот универзитет, која е најсериозен партнер на академските институции во Република Македонија.

-Во ова време на сериозни предизвици за Република Македонија и за македонскиот народ, нам повторно ни се потребни нашите пријатели да го чуваат за нас она што сами можеме толку лесно да го изгубиме. Полските македонисти и македонистите во светот се чувари на нашата комплетна татковина бидејќи како што рече Конески „до таму е нашата татковина до каде што е нашиот јазик, рече претседателот Иванов во предавањето на Универзитетот во Вроцлав.


Infomax.mk

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.