Вторник, 04 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
Предавникот Димитров, арогантен, безобразен и дрзок
altПредавникот Димитров, арогантен, безобразен и дрзок. Мене ми е срам и да те гледнм и да те слушам предавнику- му порачува екс-министерот за правда Михајло Маневски, на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Дрскоста, простаклукот и ароганцијата на предавникот Никола Димитров кулминираа на вчерашната седница на Собранието. Ги навреди и пратениците и целиот македонски народ со небулозните изјави: “Се работи за нација со комплекс, која што мора да си бара корења назад две илјади години. Александар Македонски ако го нема, ние не знаеме кој сме. Престанете со овие, страм ми е да ве слушам. Искрено ви кажувам, срам ми е да ве слушам”.

Така им се обрати арогантниот предавник Никола Димитров на пратениците во расправата по уставните амандмани, неможејки да го скрие гневот од дискусиите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои парампарче го направија овој ништожник и неговата одбрана на срамните амандмани за промена на Уставот на Македонија и уништување на македонската држава. Егееецот Никола, по таткому Димитар од селото Цакони во Егејска Македонија во Грција, ја потврди Његошевата метафора дека потурчените секогаш биле полоши и од самите турци. Да имаше срце во кое ќе имаше барем една искра на патриотизам и родољубие ќе му затрепереше, ќе му проработеше совеста, ама не, не прорабортува ништо кај овој ништожник, затоа што е без чувство и без образ, лигав превртливец и грозен предавник. Жалосно е еден ваков министер говори со омраза и со подбив спрема својот народ. Како очекува почитување, кога безочно лаже и го навредува народот? Како очекува народот да му верува?

Ако на овој предавник му е срам да ги слуша пратениците кои го бранат името на својата држава, својот идентитет и својата историја и кулрура, што бара во Собранието, нека си седи дома, дали тука или во Хаг, за да не се срами. Се срами од пратениците кои чесно и со исконска преданост ја бранат својата држава и својот народ. Се срами од тоа што пратениците со факти му укажаа дека нема право од преамбулата да ги брише Одлуките на АСНОМ. Се срами од тоа што пратениците му кажаа дека нема право да го менува името на една држава и идентитетот на еден народ. Не му е гајле на овој ништожник што го навредува македонскиот народ и се срами од него, Чиј министер за надворешни работи е овј човек? Вчера ја покажа целата некултура и простотилак и за тешките навреди кои ги нанесе, немаше доблест да се извини. Ги прекрши основните човешки правила, а да не говориме за дипломатски манири.

Овој ништожник за цело време и со години лаже. Лажеше досега, а лаже и сега. Сега му текна дека сме биле нација со комплекс. Зошто после толку многу години главен преговарач на Република Македонија во врска со разликата окулу името со Република Грција не кажа дека сме биле нација со комплекс. Зошто тоа не го кажа досега? Зошто прифатил и зошто не се откажал да биде главен преговарач за името на една нација со конплекс, која не знае која е и што е. Зошто цело време останал подмолно прикриен измамник, кој работел против интересите на Македонскиот народ и македонската држава?

Тоа е министерот кој подпиша договор за комплетна капитуација на македонската држава, за бришење на името на државата и нејзиниот идентитет. Од разлкиката во врска со името, ја претумба цела Македонија наопаку и од неа не остана ништо. Тоа е министерот кој подпиша договор испод нивото на Привремената спогодба. Тоа е министерот кој не мрдна со малото прсте за спроведување на Пресудата на Меѓунаридниот суд на правдата за попречување на прием на Репупблика Македонија во мегуѓународни органи и организации. Тоа е министерот кој дури и покрај признатите и утврдени стандардизирани кодови МК и МКД, подпиша договор регистарските таблички на возилата да бидат означени со НМ или НМК.Зошто го направи тоа при утврдени кодови? Го избриша дури и Made in Macedonija. Подклекна и ги прифати сите грчки барања и ја доведе Грција до триумфална победа, а сега слушаме идеи за заедничка прослава на договорот. Како да не се прославуваат Грците кога извојуваа триумфална победа со комплетна капитулација и бришењето на една држава.

Тоа е министерот кој ги уништи сите досегашни напори и достигнувања во разговорите во врска со разликата во врска со името. На Претседателот Киро Глигоров, на средба во Женева во 1993 година со г.Сајрус Венс и Лорд Овен, лордот Овен му рекол на Глигоров: “Вие морате да ги прифатите сите грчки услови”. На тоа. тогашниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров му му одговори: “Лодре, знаете јас немам никакви овластувања за такво нешто. Како Претседател имам обврски да го почитувам Уставот, а и инаку не сум подготвен да ги прифатам гр;ките услови. Многу ми е жал, но морам да ве одбијам”. Така завршила средбата.

Кој му даде овластувања на предавникот Никола Димитров да подпишува капитулантски договор? Врз основа на која уставна одредба го направи тоа, кога сосема е јасно дека согласно член 119 од Уставот на Македонија меѓународните договори ги подпишува Претседателот на Република Македонија, кој целосно беше изолиран од овој процес.

Резолуција број 845 (1993) на Советот за безбедност на ООН од 18 јуни 1993год.

Велепредавникот со овој капитулантски договор се дрзнал да прифати да се брише РЕЗОЛУЦИЈАТА број 845(1993) усвоена од страна на Советот за безбедност на неговиот 3243-ти состанок, на 18 јуни 1993 година, со која Резолуција во точка 3 се “Бара од Генералниот секретар да го информира Советот за напредокот на нивните понатамопни напори, чија цел е разрешување на разликите меѓу двете страни пред отпочнувањето на 48 сесија на Генералното собрание и навремено да извести пред Советот за нивниот исход и одлучува повторно да го разгледа прашањето во светло на извештајот.“

Со капитулантдки договор неможе да се брише Резолуција на Советот за безбедност на ООН, кој одлучил повоторно да го разгледа прашањето. Не беше случајно што разговорите во врска со името се преместија од ООН во директни преговори со Грција која ја доведе предвничката политика на Зоран Заев и Никола Димитров во тотално индиферентна положба.

Тие што го повредија Уставот и ги узурпираа уставните овластувања ќе одговараат пред народорт за велепредавство.

Михајло Маневски

http://media24.mk/2018/12/03/

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.