|
||||
ММДЧП бара ВМРО-ДПМНЕ да преземе акција и да ја одбрани Македонија |
ММДЧП бара ВМРО-ДПМНЕ да преземе акција и да ја одбрани Македонија Знаеме дека „Владата“ на СДС – донесена на власт од страна на САД – се најголемите предавници во историјата на Македонија. Но ВМРО-ДПМНЕ, како самопрогласени „бранители на Македонија“, не се покажаа достојни на нивната должност. Нивните катастрофални грешки станаа јасно видливи пред целата јавност за време на кризата во која Македонија се најде. ВМРО-ДПМНЕ имаа можност да стават крај на преговорите за името кога беа на власт, но никогаш не го сторија тоа? Зошто не? ММДЧП ги советуваше во таа насока, и да го стореа тоа Македонија денес немаше да биде во кризата во која е. Воедно, ги предупредивме дека обидите да му се додворат на Западот само водат кон културолошки геноцид на Македонците. И сега се соочуваме со истиот проблем. ВМРО се уште се обидува да му се додвори на Западот, место да преземе мерки кои ќе помогнат да не го загубиме името. Ги повикуваме Македонците да побараат од ВМРО да престанат да ја легитимираат „Владата“ на Заев и веднаш да почнат со бојкот на Собранието; да се спротистават на заканите на Заев и да ги повикаат сите пратеници да го осудат менувањето на името; да организираат масовни протести во соработка со сите кои ја бранат Македонија; да започнат со граѓанска непослушност; да апелираат до сите држави кои го поддржуваат правото на Македонија на само-определување; да инсистираат Обединетите Нации да застанат во одбрана на Македонија, вклучително со барање ОН да ги почитува своите сопствени правила и да ја прими Република Македонија под нејзиното вистинско име; да ги разоткријат незаконските, анти-демократски и анти-македонски постапки на Заев пред меѓународната заедница; да го осудат масовното мешање на Западот во Македонија и да ги разобличат дволичните тврдења дека „се почитува меѓународното право и конвенциите за заштита на човековите права“; да го искористат мноштвото опции што ги нуди Уставот, потоа Кривичниот законик, собранискиот и претседателскиот деловник, за да го спречат уништувањето на македонскиот суверенитет, човековите права и изразената волја на народот, и, конечно, да престанат да се однесуваат како Западот да е газда во Македонија. Македонија е македонска. Имате сили да ја спречите промената на името. Барајте акција. |