|
||||
Министерот за прогон и тортура Оливер Спасовски и СДСМ ја злоупотребуваат полицијата |
Ќе се бара одговорност и од нарачателите и од извршителите кои изготвувале фингирани службени белешки за спроведување политичка тортураСоопштение до јавноста, реакција на демантот на Министерството за внатрешни работи Министерот за прогон и тортура Оливер Спасовски и СДСМ ја злоупотребуваат полицијата за притисок и влевање на страв кај политичките неистомисленици. Власта мисли дека на тој начин ќе ја раскрчмува државата без граѓаните да го кренат својот глас. СДСМ се лаже - Граѓаните се освестени и слободољубиви, притисокот со кој се закануваат дополнително мотивира! МВР е злоупотребено од мала структура на луѓе кои своите партиски интереси ги ставаат над државните. Власта ја деградира правната држава. Владеењето на правото стана мисловен поим во Македонија под власт на СДСМ. Македонија е единствена држава во Европа во која има политички прогон. Правосудните органи не функционираат по закон, туку по силата на наредбите на челниците од власта. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи злоупотреба на институциите да стане пракса. Граѓаните сакаат стабилна држава со институции кои се во нивна служба, а не институции кои ќе ги прогонуваат за различен став. Злоупотребите мора да запрат. Сите оние кои пишуваа и пишуваат фабрикувани службени белешки само за да помогнат во политичкиот прогон ќе бидат повикани на одговорност кога ќе се смени оваа однародена и криминогена власт. од нив ќе бидат побарани и имињата на нарачателите на фингираните белешки врз чија основа се реализира прогонот. Црнилото мора да го избришеме. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против оваа власт да ни се придружат на протестните маршови ширум државата, како и во недела на 09.12.2018 година во Кочани, но и во средата на 12.12.2018 година во Скопје. |