|
||||
Кој си ти е опишано во мемоарите на Киро Глигоров и Стојан Андов! |
ИВАНОВ БАРА ИСТРАГА ЗА ВМЕШАНОСТА НА ФРЧКОСКИ ВО АTEHTATOT НА ГЛИГОРОВ: Јас не сум тоа што си ти. Кој си ти е опишано во мемоарите на Киро Глигоров и Стојан Андов!Кабинетот на Претседателот на Република Македонија реагира на изјавата на Љубомир Фрчкоски дадена вчеравечер во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24. Сметаме дека Љубомир Фрчкоски е најмалку повикан да го обвинува Претседателот Иванов. Дали треба да ја потсетуваме јавноста на веќе укажаните сведоштва дека Фрчкоски е архитектот на политичката полиција и криминализирање на Службата за безбедност во Република Македонија на штета на националните прашања? Дали непрофесионализмот, кршењето на човековите права и владеење на подземјето е неговиот печат во управувањето со институциите? Дали Фрчкоски смета дека јавноста заборави за криминалните и неморалните дела од неговото владеење? Претседателот Иванов му порачува на Фрчкоски: „Јас не сум тоа што си ти. Кој си ти е опишано во мемоарите на поранешниот претседател Киро Глигоров и поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов“. Кабинетот на Претседателот на Република Македонија очекува од Јавното обвинителство да реагира на сите досегашни изјави и сведоштва за улогата на Фрчкоски во атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров. |