|
||||
Очигледно постои жестоко и системско мешање на САД и на ЕУ во внатрешните работи на Македонија |
Сергеј #Лавров за грчкиот весник Ефимерида: Ситуацијата на Балканот предизвикува загриженост. "Гледаме дека НАТО и Европската Унија ги засилуваат напорите за понатамошното зголемување на присуството во регионот. Балканските земји упорно ги ставаат пред лажен избор: или Москва или Вашингтон и Брисел. Таквите постапки водат до идна дестабилизација на безбедносната архитектура во Европа, до зголемување на тензиите и до исцртување на нови линии на поделба." "Очигледно постои жестоко и системско мешање на САД и на ЕУ во внатрешните работи на #Македонија. Секојдневно нејзините граѓани беа повикувани да гласаат на референдум на 30 септември за усвојување на Договорот од Преспа. Референдумот, како што е познато, пропадна. Во оваа ситуација на 19 октомври Собранието преку уцени и поткуп на опозицски пратеници беше протуркана одлуката за уставни промени. Во овој процес директно учествуваа и странски дипломати, вклучувајќи го и амбасадорот на САД. Сега ги прават трескавите напори за да се финализира спогодбата на почетокот на 2019 година. Вреди да се спомене дека ваквото брзање ѝ служи на единствената цел на Вашингтон за итно вклучување на Скопје во НАТО. Шпекулациите дека со одобрувањето на Преспанскиот договор ќе биде забрзана интеграција во ЕУ се многу оптимистични. Преговарчки процес со Брисел, како што говори искуството, може да трае и неколку децении." Посольство России в Македонии/Амбасада на Русија во Македонија
Владина организација
|