|
||||
Имаме неуспеси, црнила во секое поле, имаме нарачано судство и обвинителство |
Мицкоски: Имаме неуспеси, црнила во секое поле, имаме нарачано судство и обвинителство, но тоа нема да не направи послаби, туку посилни
Денеска бев на отворањето на новиот штаб на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел, каде имав средба со нашето членство, поддржувачи и симпатизери на партијата, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил. -ВМРО-ДПМНЕ Бутел покажува како се сака својата земја и како се пркоси на сите овие црнила кои се случуваат на нашата земја. Еден повозрасен граѓанин ми рече, знаеме дека ВМРО е под удар на нечесната и криминална власт, но во овие кризни времиња ВМРО било најсилно затоа што секогаш е со народот. И навистина е така, ВМРО-ДПМНЕ произлегува од народот и му припаѓа на народот и ниту еден смислен удар на оваа црна власт нема да не ослаби, ниту поколеба да ја браниме слободата, правдата и нашите вредности. И мора да се има предвид дека имаме нарачано судство, нарачано обвинителство. Но тоа нема да не направи послаби, туку посилни, а ве уверувам дека ВМРО е многу посилно од онаа вештачка слика која сакаат да ја креираат во јавноста и во нивните умови, затоа што пред се ВМРО е народот, напиша Мицкоски и додаде: „Имаме неуспеси, црнила во секое поле. Дневно ќе ве бомбардираат со вести дека прават неверојатни реформи, неверојатни работи кои во реалноста никаде ги нема. Розевите очила се само во зборовите на владините спинери од министерството за пропаганда кое дебело го плаќаат, но црнилата кои ги имаме, сите ние ги живееме. Името кое го менуваат, повисоките даноци, лебот кој поскапува, бензините, субвенциите кои ги нема, пензиите кои се намалуваат… Црнилата се сите неуспеси на оваа влада. А што е неуспехот, тој се состои од сите ненаучени лекции од минатото. И затоа оваа лекција ја научивме сите, и нема да се повтори. Оваа криминална влада и овие црнила мора да се победат, а ВМРО ДПМНЕ е таа сила која ќе донесе промени“. |