Сабота, 08 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
Обид да се обвини Генералниот секретар Борис Јосифовски

Ivanov3

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија остро реагира на соопштението на СДСМ и истото го оценува како очаен обид да се обвини Генералниот секретар на Кабинетот, г. Борис Јосифовски за наводна вмешаност во настаните од 27 април.

Ја разбираме нервозата кај СДСМ поради неуспешното спинување на вистината околу 27 април и прикривање на катастрофалните грешки, како и сопствената неспособност во водење на државата, но со цел да спречиме натамошно шпекулирање и ширење на дезинформации, сакаме да ја информираме јавноста дека присуството на Борис Јосифовски во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април не е непознат факт.

Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот во Основното Јавно Обвинителство уште во месец ноември, минатата година, под целосна морална и правна одговорност даде детален исказ за сите негови движењa и остварени контакти, и одговори на сите поставени прашања.

Ја потсетуваме партијата СДСМ, дека Борис Јосифовски е член на ВМРО-ДПМНЕ и како член на таа партија нема ништо спорно да биде присутен во седиштето на партијата. Истовремено посочуваме дека присуство, не подразбира и инволвирање во конкретни активности.

Присуството на Јосифовски во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април беше со цел да оствари договорена средба што нема никаква поврзаност со какво било координирање на некакви активности за наводно прогласување на воена, или вонредна состојба.

Откако беше повикан од страна на Претседателот Иванов со цел да го свика Кабинетот, Јосифовски се врати на работното место.

Согласно Уставот на Република Македонија, слободата на движењето е загарантирано човеково право, освен ако во меѓувреме не настанала нова реалност, за која не знаеме.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.