Сабота, 08 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
Каракачанов ќе побара Бугарија да не ја поддржи кандидатурата на Македонија за НАТО и ЕУ

altВицепремиерот и бугарски министер за одбрана, Красимир Каракачанов, го советува премиерот на Македонија, Зоран Заев да не ја злоупотребува темата за македонскиот јазик, за да не се прости неговата земја со можноста за членство во ЕУ и НАТО, соопшти денеска прес-центарот на бугарското ВМРО-БНД.

Реакцијата доаѓа по повод изјавата на Зоран Заев пред парламентот на Македонија, во кое наведува дека Преспански договор со Грција признава постоење на македонски јазик и дека никој нема право да го оспори тоа.

Но, Каракачанов нагласува дека „преспанскиот“ не создавал „вештачки права“.

-Mакедонскиот јазик кој не е признаен од никого како официјален јазик, да се смета за легитимен на територијата на целата Северна Македонија, вели Каракачанов.

Како што пренесуваат бугарски медиуми, лидерот на ВМРО-БНД вели дека „ Заев утре може да да побара целосно идентичениот бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик и кај нас, што е недозволиво и провокација“.

Каракачанов уште додава дека работата на бугарско-македонската комисија за историски прашања оди во насока која не е во корист на историската вистина, бидејќи македонските претставници во неа сакаат да „потврдат лажна историска верзија”.

-Македонските земји се бугарски и тоа е историски факт, вели Каракачанов и додава дека „нема да прифатам луѓе со нејасни ставови и со обратно читање на историјата да влезат во НАТО и ЕУ, на грбот и за сметка на Бугарија и на историската правда, уште помалку, кои тајно воведуваат македонски јазик.

Во партиското соопштени Каракачанов се заканува дека ако биде допуштен макар и еден невистинит историски факт или макар еден историски факт да биде заменет, ќе побара Бугарија да не ја поддржи кандидатурата на Македонија за НАТО и ЕУ.

https://infomax.mk/wp/

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.