Недела, 09 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
Русите не се избран народ како Американците

altАЛЕКСАНДАР РУСЈАКОВ ДАВА УБАВО ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ПОИМОТ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 08 - 12 - 2018

Да не е цинизмот, среде безумието на нашава реалност, ќе полудев. Се гледаме со безумноста преку нишанот на цинизмот. А таму, фатил да ми степува Метју Палмер. Каков сега Метју Палмер? Таков, ококорен, башка заменик на помошник-државниот секретар на САД. Ем заменик, ем помошник. Брлива работа. Е, тој Палмер се јави од Сараево за да соопшти дека нема што Русија да кажува каде ќе се зачленувала Македонија. Оти, нели, Палмер има директива од севишниот за тој единствено да ни кажува што да правиме со нашата иднина. Затоа што е Американец. А кога си ем Американец, ем политичар, ти кажуваш како треба да се живее и кој треба да умре. Никако Русите. Русите не се избран народ како Американците. Русите и кога не се мешаат, тие се мешаат, а Американците и кога те уништуваат, укинуваат или окупираат, тогаш не само што не го прават тоа туку е за твое добро.


Инаку, не можам да ја разберам Европската Унија. Кога веќе насила нè преименува, укинувајќи нè како македонски идентитет, не ми е јасно зошто веднаш не станеме нејзина членка. Не се свесни каква корист ќе имаат од нас. Еве, да објаснам. Најпрво, нè примаат веднаш, без преговори, услови, отворање поглавја. Потоа, во наредните петнаесет години ги држат Заев и СДСМ на власт. Нека ги местат изборите. Никој жив нема да реагира. Доволно е да се користат флоскулите „500 евра плата“, „стандардот расте“, „европски фондови за нас“, „ЕУ двои по 250.000 евра дневно за Северна Македонија“, „ќе се намалат казните“, „лебот мораше да поскапе, ама затоа платите рипнаа за 170 денари“, на тоа додај „а во време на Груевски“ и мир во куќа, па ЕУ ќе може да има огромна корист.

На пример, Франција има дупка во буџетот. Им требаат пари. Последен пат кога покачија данок на горивата, Французите го запалија Париз. Нема да има веќе потреба од такво нешто ако Северна Македонија влезе во ЕУ. Се појавува финансиски проблем во Франција? Сè што треба да направи францускиот претседател е да се јави во Брисел. Ало, имаме ваков и ваков проблем, ни требаат волку пари. Потоа лидершипот на ЕУ му ѕвони на Заев и му наредува, ако сака да остане на власт, да го крене данокот на тоа и тоа за толку и толку, а парите да ѝ ги испорачува на Франција. Се разбира дека Заев веднаш прифаќа и спроведува. И северномакедончето отплаќа за Французите. Никој нема „а“ да каже. Ако има такви што се бунат, на Фејсбук секако, ги решаваш со некое аферче, нечиј швалерај, малку ветувања за пораст идната година, додаваш од она „ама во времето на Груевски“ и северномакедончето си трае. Или Шведска и Германија.

Граѓаните протестираат поради проблеми со голем број мигранти. Сега проблемот е решлив. Стокхолм и Берлин го алармираат Брисел. ЕУ му заповеда на Заев да ги собере сите мигранти што им се вишок. Северномакедончето малку се џилити во кафеана и на Фејсбук, ама си легнува на поскапеното брашно. ЕУ може да има корист од Северна Македонија и на други полиња. Експерименти, на пример. Еве, во последно време светот стана до толку изопачен што почна да се зборува за педофилијата како сексуална ориентација. Демек, не педофили, туку педосексуалци, оти, нели, да ти било тоа нормална работа. Е па, сега ќе можат да експериментираат во Северна Македонија. А што ако се побунат, ќе праша некој. Кој да се буни, ќе му вратат, па ние веќе им спроведовме експеримент, генетички инженеринг, им ги сменивме името и идентитетот, им ја избришавме историјата, па никој со прст не мрдна, башка ако некој ептен крене глас, ќе му накалемиме тероризам. И навистина, северномакедончето ќе си прифати со муабетот, а бе, тоа веќе одамна е договорено одозгора. Па, ќе си ги прати децата на училиште кај професорот педосексуалец со мислата: е, добро де, ама за време на Груевски како се крадеше.

Звучи грозно, ама така е. Вакви како нас нема никаде во светот. Замислете Французите да имаа референдум, мнозинството да го бојкотира со што кажува дека го отфрла поставеното прашање, а ваму властите, игнорирајќи ја волјата на граѓаните, да продолжеа насила да си тераат по свое. Не само Париз, Франција ќе гори. Или Британија. Замислете лабуристите сакајќи насила да истуркаат незаконска промена на Уставот за, на пример, да избришат дел од историјата, замислете да ги уценуваат со затвор или поткупуваат конзервативците и овие, на очи на јавноста, да прифатат. Незамисливо, нели? А кај нас како е? Комшија, а бе ни ги укинаа името и идентитетот, ќе преземеме ли нешто? А бе, комшија, тоа веќе одамна е сменето. Ама и лебов, бе комшија, го поскапеа. Е, грешиш комшија, кажа министерот, лебот не поскапе, туку сите други цени се намалија, па тебе ти изгледа дека поскапел.

Да ви кажам што е разликата меѓу нас и остатокот од светот. Во демократските земји, за каква се претставува и нашата, граѓаните знаат дека суверенитетот на државата е кај нив. Французите, Германците, Британците се свесни дека тие се државата, дека кај нив е одговорноста, тие се газди. Кај нас не е така. Ние им го предадовме нашиот суверенитет на партиите. Тие се газди, затоа што ние така одлучивме. Така ни е полесно. Не сакаме да имаме одговорност, да преземеме иницијатива. Мрзливи сме, себични и саможиви. И секако, секогаш друг ни е виновен, па затоа имаме безброј оправдувања. Не ме интересира политика. И едните и другите се исти. Тоа е веќе одлучено одозгора. Мали сме. Така правеа и претходните. Остај, може и полошо. Затоа, Европа има „жолти елеци“, а кај нас по клупи, гранапи и кафеани слушаме едни те исти лелеци.

Поразен сум. Изминаа десет години како ја водам јавно идентитетската војна за Македонија. По пат си создадов едночудо моќни непријатели, си ги затворив сите врати, ме намразија политичари од двете партии, новинари, хистерични активисти, интелектуалната бижутерија. Немам проблем со тоа. Изгубив десет години тепајќи се со безумието и изопаченоста на моќта, со партиите што тргуваат со национални интереси, интелектуалните полтрони што треперат пред сила и не создадов семејство, не успеав да ги спасам родителите од немаштија, останавме фамилија што живее од кирија до кирија, останав без дом, а сега ќе останам без корен и татковина. Не жалам, само констатирам. Ме порази светската моќ, а јас, освен одредени искрени индивидуалци, не видов двесте-триста илјади народ да се крене за своите права на самоопределување, правда или живот. Освен кога Сорос плаќа или партии повикуваат членство. Затоа, ние го заслужуваме она што ни се случува, заслужуваме државата да е сопственост на политичарите и меѓународната заедница, заслужуваме да имаме газди, а бесилките сами ќе си ги носиме. Сега, откако ќе нè укинат официјално, веројатно ќе здивнеме со радост што нè ослободија од толку непотребниот товар на идентитетот и историјата и ќе чекаме, некаде 2025-2030 година ЕУ да нè направи богати, убави и паметни.
А јас? Мене, баталете ме. Имам над илјада страници записи од изминативе десет години терор врз Македонија, па не ми останува ништо друго, туку да се вооружам со својот цинизам и да напишам роман. За да не полудам.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.