|
||||
Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ |
Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Прашање, новинар: Побаравте оставки од министерот за надворешни работи и внатрешни работи, кога можеме да очекуваме да поднесете интерпелација во Собранието и со кои докази ќе ги поткрепите? Одговор: Па зарем има поголем доказ да си ја наречеш сопствената нација искомплексирана нација. Зарем треба да покажеме материјален доказ поголем од тој доказ за на еден државен службеник кој што прима плата од истата таа нација да си ја нарече искомплексирана нација. Мислам дека самиот факт што до овој момент тој господин не ја презел целокупната одговорност за таа воја несреќна изјава доволно говори за неговата личност и за неговиот карактер. Мислам дека немаше потреба ни да чекате ВМРО-ДПМНЕ да поднесе предлог за негова интерпелација во рамките на Собранието на Република Македонија, за да истиот излезе пред оваа вистинска нација и пред граѓаните на Република Македонија и да понесе одговорност и да ја напушти функцијата министер за надворешни работи. За министерот за внатрешни работи не е поднесе интерпелација во рамки на Собранието на Република Македонија, очекувам тоа да се случи во периодот кој што следи, после координација со пратеничката група. Имаме ситуација кога повеќе од две години, вклучително и оној период кога беше технички министер во онаа техничка влада, министерува господинот Оливер Спасовски со министерството за внатрешни работи. Имаме голем број на скандали, имаме голем број на неубави работи кои што се случија во Република Македонија, имаме потфрлања во сите сфери кои што министерството за внатрешни работи како министерство практично е долно да ги управува или разрешува сите оние немили настани. Сведоци сме на еден куп убиства во Скопје, пресметки во мафијашки стил во Центарот на градот, кои што кулминираше со овој скандал за снимање на обвинителите и судиите и не компетентноста односно не можноста да министерот за внатрешни работи го открие според ете негово убедување, бидејќи тој вели дека не снимале, но еве ако не снимале зошто тогаш тој скандал не го откриле. Во име на тоа побаравме веднаш под итно формирање на Комисија каде што ќе ја раководи човек кој што ќе биде на предлог на опозицијата, кој што ќе ги анализира, систематизира и преслуша сите оние материјали кои што според министерот сега се наоѓаат на сигурно, во министерството за внатрешни работи. Па да биде јавноста сведок исто како што беше сведок на оние реални шоуа што се случуваа пред две – три години, на сето она кое што се случуваше во судниците кога на подготвени стенограми, определени медиуми известуваа што се зборувало и како се зборувало. Мислам дека јавноста заслужува исто така сега да слушне како комуницирала власта со јавните обвинители, како власта комуницирала со судството, па на тој начин можеби ќе ја откриеме тајната формула зошто немаме осудителна пресуда за Поткуп, зошто случајот Глобал исто така немаме осудителна пресуда, зошто само ВМРО-ДПМНЕ поранешни и сегашни функционери се цел на прогонот од страна на власта на Република Македонија. Така што имаме многу аргументи за кои што овие луѓе немаше ни потреба ВМРО-ДПМНЕ да поднесува интерпелација. Многу аргументи имаме за кои што овие луѓе треба да понесат одговорност пред граѓаните во Република Македонија. Прашање, новинар: Коментари за Каракачанов, за изјавите на Каракачанов за заедничката историја, за Самоил? Одговор: Ние сме се изјасниле во многу наврати во минатото, очекуваме денеска да го видиме и ставот на владата на Република Македонија. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ сме го кажале во минатото уште кога овој документ беше потпишан помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија. Бидејќи се уште постојат сили кои што и во двете страни гравитираат кои што не мислат добро на добрососедските односи помеѓу овие две земји, во таа насока се и овие изјави на господинот Каракачанов, кои како што гледам е прилично актуелен во соседна Бугарија,а една не така добра тема, а тоа е дека постои основано сомнение за поткуп кој што е поврзан со издавање на бугарски пасоши. Така што претпоставувам овој квази-патриотски навој и крик на господинот Каракачанов е во функција на таа политика. Прашање: Економијата растеше статистички, но како гледа на тоа бизнис сектор, зборам за бројките за третиот квартал? Одговор: Дека инвестициите се негативни, градежништвото е негативно, единствен раст е забележан само во технолошко индустриските зони, практично кај оние странски инвеститори. И кај невработеноста, таму е зголемена вработеноста на сметка на невработеноста , но истовремено и нивната економска активност. Практично домашната економија е на колена, тоа се должи на сите овие погрешни политики кои што ги прави Владата. А зголемената економска активност на странските инвеститори поради зголемената побарувачка во нивните земји каде што тие го извезуваат своето производство. Денес прочитав податок дека во третиот квартал од 2018 забавува растот во високо развиените земји односно во Европската Унија и темпото на намалување на невработеноста исто така забавува што ќе се почувствува во Република Македонија, можеби за два квартала од сега. Практично ние од сега, овие индустриски зони извезуваат и ги користат поволните можност за она што беше пред два квартала во ЕУ. Ние не ја искористивме поволната економска ситуација во светот и во ЕУ изминативе две години, не успеавме позначителни стапки на раст да генерираме, можам да замислам што ќе се случи сега откако таму економијата ќе забави и растот на БДП ќе се намали или пак ќе стагнира. Како тоа ќе се одрази на домашната економија имајќи предвид дека домашните македонски компании не генерираат раст, напротив, а овие од индустриските зони, странските инвеститори коишто Владата се закануваше дека ќе ги брка исто така ќе го намалат своето производтсво поради намалената побарувачка во пазарите каде што извезуваат. Така што допрва следува предизвици, не само што нема да се да се исполни 3,2, прашањето е дали ќе се исполни 2.8. Ако го игнорираме овој фактот на пиши-бриши економија видовме дека сега го нивелирале првиот квартал од 0 на 0,9, односно направиле колку што им е потребно за да речат еве 2.8% ќе имаме раст, мислам дека нема да имаат ни толку, ниту пак овој предвидениот од 3.2 што ќе биде во 2019 ако продолжат со ова темпо ќе успеат да го исполнат. Така што со оваа пазарџиска пиши-бриши економија мислам дека целокупната економска политика паѓа во вода. Но, тоа е на штета на државата и на граѓаните. Никој нема овдека да има фајда дали ВМРО или СДСМ било во Владата, битно е дали граѓаните и фирмите ќе живеат подобро и ќе генерираат раст или нема да живеат подобро. Тоа е суштината. Никој не добива од ова. Сите губиме и треба да сме свесни дека со вакви политичари и вакви политики не можеме да идеме понатаму. Прашање, новинар:Денеска завршува јавната расправа за уставните амандмани. Значи влегуваат во трета фаза. Може ли да се очекува 80 гласови за изгласување на уставните измени? Одговор: Видите она што провејува во јавноста во Република Македонија, а што е еве некоја си јавна тајна е дека ниту овие 80 не беа обезбедени, затоа што некој ги препознал вредностите на сето ова, тука затоа што имаа некои ветувања и очекувања. Јас би го поставил обратно прашањето, дали тие ветувања ќе бидат исполнети и дали тие очекувања ќе бидат реализирани за овие 80 да се постигнат? Така што имаме процес кој што од самиот почеток тргнува со шината нога. Да видиме како ќе се развива, јавните дебати за уставните амандмани завршуваат колку што јас сум информиран до утре, така што да видиме како процесот понатаму ќе се одвива, да видиме кои ќе бидат актерите на ова реално шоу и како ќе се развива. ВМРО-ДПМНЕ има јасен и непроменлив став по тоа прашање. Прашање, новинар: Знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за рамен данок, дали тоа значи дека доколку во иднина вие бидете креатор на економските политики дека ќе извршите ревизија на сегашната даночна реформа која што се воведува? Одговор: Токму така, ние и вчера на нашиот протестен марш во Кочани најавивме и побаравме од Владата практично, да веднаш пристапи кон укинување на мерката за зголемување на даноците бидејќи тоа негативно ќе се одрази во економскиот амбиент во Република Македонија и за граѓаните , но и за економските оператори, за компаниите. Доколку тоа не се случи, јас се надевам дека конечно ќе се вразумат и ќе сфатат и ќе почнат да работат за интересите на граѓаните и на реалниот сектор, но доколку тоа не се случи , при првата Владина седница на Владата која што ќе ја формира оваа мерка ќе биде укината и ќе биде вратен рамниот данок. |