Вторник, 11 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
Јаулески: Црнилото кое ја обвиткало државата и општеството во целост мора да го поразиме
alt
Јаулески: Црнилото кое ја обвиткало државата и општеството во целост мора да го поразиме

Интегрален текст од изјава за медиуми на Јован Јаулески, в.д Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ ја распродава државата по сите основи. Република Македонија две години оди надолу. Неколку нерасветлени убиства откако СДСМ е на власт, а министерот за политички прогон Спасовски не презема ништо за да ги заштити граѓаните и да го гарантира јавниот ред и мир.

Црниот Заев донесе црна безпарица. Трошоците за живот се се поголеми, а платите остануваат исти. Безперспективноста кај младите расте. Ветуваа дека ќе ги вратат иселените, а сега си заминуваат и тие што останаа.

alt

Економијата е зацрнета. Младинската невработеност е највисока во Европа. Од така наречената младинска гаранција нема ни М. Младите го завршуваат своето образование и разочарани ја напуштаат Република Македонија.

Оние кои ќе решат да останат и да се надеваат на подобро утре се гушат во црниот воздух, чија загаденост е неколкукратно поголема од нормалното, а владата за тоа не нуди мерки и решенија, бара донации од бизнисмените за работа која треба да се финансира од буџетот.

Загадувањето ќе го спречуваат со донации, а не кажуваат каде ќе одат парите од даноци. Државата стана рекордер во корупција. Граѓаните се помалку им веруваат на институциите. Давачките рапидно се зголемуваат, а со тоа се удира врз секој млад и висококвалификуван кадар кој решил да твори, работи и создава во Република Македонија. Се удира врз ИТ инженерите, младите лекари, стоматолозите итн.

alt

Образованието е девастирано и оставено на заборавот на времето. Две години нема ниту една инвестиција. Нема нови студентски домови, нема студентски градови, нема подобар стандард за студентите, нема ништо. Има само црно црнило.

Црнилото кое ја обвиткало државата и општеството во целост мора да го поразиме. Граѓаните ја чекаат зората. Ајде сите заедно да го поразиме црнилото. Во среда, во 17 часот приклучете ни се на протестниот марш против сите штетни и антидржавни политики на оваа црна влада. Зората ќе изгрее. Македонија ќе оди напред.
 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.