Вторник, 11 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
ММДЧП ја осудува анти-македонската дволичност на Обединетите Нации

mmdcpММДЧП ја осудува анти-македонската дволичност на Обединетите Нации

Соопштение за медиумите - Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП)

ММДЧП ја осудува анти-македонската дволичност на Обединетите Нации и нивната прослава на 70-годишнината на Денот на човековите права

 (10 декември 2018) – „Сите луѓе се родени слободни и имаат еднакви права и достоинство“, порачува Членот 1 од Универзалната повелба за човекови права на Обединетите Нации.

Освен ако се Македонци.

Во изминатите три декади, ОН ги прекршуваше својата сопствена Повелба, меѓународното право и конвенциите за човекови права, во обид да и го смени името на Република Македонија, значењето на зборот „македонски“, и идентитетот и историјата на една цела етничка група.

Овие дејствија претставуваат не само културолошки геноцид, туку и вистински геноцид – според дефиницијата на Обединетите Нации.

Ги прашуваме земјите членки на ОН кои го поддржуваат овој притисок – со кое право?

Почитување и заштита на човековите права на сите луѓе – освен ако се Македонци - ваков амандман треба да се додаде на Повелбата на ОН ако
продолжи бесрамното кршење на два од основачките принципи на Организацијата:
Член 2 (1) – „Организацијата е заснована на принципот на еднаква сувереност за сите нејзини Членки“ и

Член 2 (7) – „Ништо содржано во оваа Повелба нема да им дозволи на Обединетите Нации да интервенираат во прашања кои суштински се под домашната надлежност на било која држава и на државите Членки нема да се наметне решение на овие прашања според оваа Повелба“.


Држави членки со „еднаква сувереност“ имаат право на нивното име и идентитет. Ништо не им дозволува на Обединетите Нации да се мешаат во
внатрешните прашања на некоја земја – членка. Правно и морално, Обединетите Нации немаат право да ја натераат Република Македонија и
македонскиот народ да го сменат името.

ММДЧП бара Обединетите Нации да ги почитуваат своите сопствени принципи и веднаш да ја примат Република Македонија како членка под
нејзиното вистинско име, и на тој начин правно и трајно да стават крај на сите обиди да се сменат македонското име и идентитет.

ММДЧП

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.