|
||||
250.000 граѓани во Грција зборуваат македонски |
Европска мрежа за малцински јазици: 250.000 граѓани во Грција зборуваат македонски„Во Северна Грција, односно во западниот и централниот дел на Македонија 250 илјади жители го зборуваат македонскиот јазик. Ова е само процена затоа што Грција нема официјален попис на јазиците на малцинствата. Во оваа земја нема ни официјална регулатива за употреба на малцинските јазици", пишува на официјалната страница на Европската мрежа за промоција на лингвистичката разновидност. Оваа мрежа работи и на развивање на политиките за јазиците на малите држави и на промоција на осознавањето значењето на лингвистичката разновидност на ниво на Европа. На веб-сајтот пишува дека во Грција нема никаква регулатива за употребата на македонскиот јазик, кој е само на ниво на „усно-говорен во семејството и на други заеднички собири". Европската мрежа за промоција на лингвистичката разновидност пишува дека малцинските јазици во другите држави во Европа се регулирани, дека постојат официјални податоци за тоа колку луѓе го употребуваат соодветниот јазик преку пописот во тие држави, дека употребата на јазикот на регионално ниво е регулирана, дека тој се употребува по училиштата, дека се изучува тој јазик на универзитети, дека има факултети за обука на учители на тој јазик... Такво нешто нема во графата македонски јазик во северна Грција. Главната цел на НПЛД, вели сајтот, е да се подигне свеста на европско ниво за виталната важност на јазичната разновидност. НПЛД, исто така, има цел да ја олесни размената на најдобри практики меѓу владите, креаторите на политиките, практичарите, истражувачите и експертите од цела Европа. Изминативе 30 години лицето на јазичното планирање во Европа значително се промени. Многу национални и регионални власти имаат основано јазични одбори или оддели за да го промовираат својот јазик, и дома и на европско ниво. Како резултат на тоа, развиена е нова генерација на професионалци за јазично планирање, кои воведоа нова експертиза на теренот. НПЛД реагира на овој развој преку обезбедување форум за професионалците да ги споделат најдобрите практики и да создадат силни партнерства за да го мотивираат напредувањето на малцинските јазици. НПЛД е отворена за сите малцински јазици, како и за сите институции, јавни тела, здруженија, универзитети и граѓански организации што работат на полето на јазинчата разновидност и мултилингвалноста низ цела Европа, пишува на сајтот. А.Д. |