|
||||
Фирмата СВ Инвест која се поврзува со Вице Заев добила 22 милионски тендер од РЕК Битола |
Арсовски: Фирмата СВ Инвест која се поврзува со Вице Заев добила 22 милионски тендер од РЕК Битола
СДСМ ја зацрнува економијата, додека бизнисите на граѓаните тонат фирмите на блиските до власта нижат милионски тендери. Медиумите објавија скандалозна информација дека фирмата СВ Инвест која како што пишуваат се поврзува со Вице Заев, брат на премиерот и добила 22 милионски тендер од РЕК Битола во четири очи. Според документите кои ги објавија медиумите се гледа дека фирмата СВ Инвест на 15.10.2018 година склучила договор со АД ЕЛЕМ за ангажирање на рударска механизација за потребите на РЕК Битола со договор во четири очи во износ од 22 милиони.
Од објавената документација се гледа дека СВ Инвест е фирма која нема сопствена механизација и опрема за извршување на работата, туку истата ја изнајмува од 3 различни компании. Потенцираме, фирмата нема ниту една единствена машина за вршење на дејноста, а АД ЕЛЕМ склучува договор во 4 очи од истата во вредност од 22 милиони. Кои биле квалификациите според кои оваа фирма добила тендер, а нема ниту една машина? Според кој метод АД ЕЛЕМ одлучил дека баш СВ Инвест е најдобра за извршување на дејноста, а како што гледаме истата земала телескопски чистач од една, автодигалка од друга компанија, а работници од трета компанија, што знначи не е специфицирана за работа и за задачите кои што ги извршува. Дали ова е шемата по која се испумпуваат парите од буџетот преку државните претпријатија? Дали ова е животот за кој што зборуваше СДСМ пред да дојде на власт? Додека АД ЕЛЕМ се користи како средство за делење на тендери на фирми во сопственост на луѓе блиски до врвот на власта, конкретно брат на премиерот, системот во РЕК Битола постојано крахира. Имено повторно крахираше еден од блоковите во РЕК Битола, овој пат Блок 1, додека само пред една недела имаше прекин во работата на друг Блок. Штетата од едно испаѓање на блок во РЕК Битола е околу 200.000 евра. Во рок од 10 дена со испаѓањето на двата блока РЕК Битола и ЕЛЕМ трпат загуби од околу половина милион евра. Дали овие штети кои што ги трпи компанијата се резултат на неспособност на кадрите на СДСМ и не знаат да менаџираат со компанијата? Дали можеби намерно се води вака компанијата и намерно се предизвикуваат огромни штети за да може после преку тендери за поправки да се полнат сопствените џебови на кадрите на СДСМ? Ова е сериозен сомнеж и треба да се истражи. Дали некој од власта си игра со најголемиот произведувач на струја во државата, кој обезбедува и до 80% од потребите на граѓаните? СДСМ нема капацитет да управува со државата и државните фирми. Очигледно нив ги интересира само личниот интерес и бизнис интересот на нивните фирми. |