|
||||
Промената на уставното име е соучесништво во злосторство |
Промената на уставното име е соучесништво во злосторство – Знаете ли како Македонија стана грчка?Грчки андарски паравојник со отсечени глави на македонски селани Во коренот на грчкиот геноцид врз македонците не лежи грчкиот карактер на Античка Македонија, лежи сосема друг проблем, од сосема друг период, со сосема поинакво значење. Први грци кои зборуваат за Грчка Македонија се грчкиот офицер Павлос Мелас (1870-1904) и владиката Германос Каравангелис. Пред нив не постои НИШТО грчко на територија на Егејска Македонија. Не постои грчка црква, гроб, топоним било што грчко од 19-ти, 18-ти, 17-век или порано на територијата на Егејска Македонија. Се почнува со Павлос Мелас и Германос Каравангелис, и двајцата доаѓаат од Епир, така што во Македонија можеле да бараат било што, само не сопствената грчка земја. Шурата на Мелас, Јон Драгумис, е грчки конзул во Битола, така што идеите за грцизација на Македонија почнуваат од нив. Таа грцизација на Македонија почнува и почива врз геноцид врз македонците, со буквална физичка ликвидација на етничка основа која почнува во селото Загоричани на 25 март 1905 година. Италијанскиот Конзул Алберто Манери, кој го посетил Загоричани неколку дена подоцна, додека низ селото сеуште лежеле човечки трупови забележал:„Вакво дивјаштво не сум забележал ни меѓу племињата во Африка.“ Одтогаш почнува геноцидот кој воглавно се сведува на протерување на македонското население, но и повремени масакри кои грците барем тогаш воопшто не пробуваат да ги прикријат. Протерувањето оди во неколку бранови: 1912, 1913, 1924, 1936 и 1948 година. Освен протерувањата и масакрите, присилно се менувани имињата на оние кои остануваат во своите домови, забранет е нивниот јазик дури и за домашна употреба, уништена е македонската култура и особено сакралните објекти. Ете така Македонија има станато грчка, со еден смислен, систематски организиран и спороведен геноцид кој требал да уништи се што е македонско, а кое не асоцира на Грција, односно присвојување на се останато. Грчката надворешна политика денес, нивното кршење на нашето право да бидеме Република Македонија, влече корен од овие злосторства, а не од ерата на Александар Македонски. Идеата е да се прикријат, или барем меѓународно да се оправдаат грчките злосторства врз македонскиот народ низ целиот 20-ти век. Северна Република Македонија е континуитет на сликиве кои ги гледате, и трагедијата на стотиците илјади кои се протерани, присилно асимилрани….и сите кои учествуваат во проектот Северна Република Македонија се соучесници во злосторството наречено „Грчка Македонија“. Грчка Македонија во 21 век неможе да постои без геноцидот врз етничките македонци, уништувањето на нивната култура, конфискациајта на нивниот имот, менувањето на нивните имиња и топоними. Грчки паравојници со отсечени глави на македонски селани од времето на Јоанис Метаксас 1936 година За жал, Европската Унија овозможи наци-расистичките митови кои стојат позади ваквите злосторства, да прераснат во „Евро-стандарди“. Наместо слободен пазар без заеднички институции, во кој ќе партиципира целиот континент без „минимум стандарди“…ЕУ се претвори во ексклузивен клуб чии ексклузивитет се гради врз вредности кои газат врз човековите слободи. Просто не ми е сварливо дека грчкиот геноцид врз македонците е денес „Еу-стандард“ кој го вградуваме во уставот. Тоа е многу повеќе од предавство, тоа е соучество во злосторство, за кое еден ден ќе мора да има трибунал на кој злосторниците од Хан и Јункер, па се до Заев, ќе мора да одговорат на едно едноставно прашање: Како може злосторник кој ги крши човековите слободи, да преговара со неговата жртва? Тоа е исто како Германија денес да го условува Израел на меѓународна сцена, да не го спомнува Холокхаусот, односно Германија да одлучи да ја „поправи“ историјата на еврејскиот народ. Поготово е бизарно да се зборува за некаква материјална надокнада при ваквата нагодба, односно ваквата лудост да биде наречена „подобрување на меѓусоседските односите“. Северна Република Македонија е едно нечовечко, варварско и малоумно помирување со злосторство, и истовремено кршење на член 15 од универзалната декларација за човековите права на ООН. Затоа неможе да има никаков легитимитет…па кој сака нека стои како потписник. Виктор Трифуновски BREITBART.MK |