Петок, 21 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
НАРОДЕ ВОСТАНИЕ, СЕГА Е ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ

„НАРОДЕ ВОСТАНИЕ, СЕГА Е ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ“: Професорот Игор Јанев повика на „востание“ – стравува од грчка измама со договорот од Преспа!

alt

Игор Јанев е еден од ретките Македонци што стигнал да биде член на Академскиот совет за системот на ОН и можеби единствениот експерт што од првиот ден ја брани тезата дека Македонија мора да го одбрани името во Генералното собрание на ОН, а не со медијатори, по судови или преку Советот за безбедност.Порано и како вработен во македонското Министерство за надворешни работи, со специјални задачи поврзани само со проблемот за името, Јанев до крај остануваше доследен на предлогот дека Македонија мора да побара резолуција во Генералното собрание на ОН и одбрана на уставното име.

Сега Јанев предупредува дека откако ќе биде завршено со промената на идентитетот, Грција нема да има потреба да го ратификува Договорот од Преса во своето Собрание.
-Исклучително важно! Може да се случи да имаме промена на Уставот во јануари, а Грција да не излаже и да не го ратифкува Договорот од Преспа, бидејќи се ќе биде завршено со промената на идентитетот! Грција по тоа нема потреба да врши ратификација, вели Јанев.

Имено тој истакнува дека ако Договор не биде ратификуван, Македонија нема да влезе ниту ви ЕУ, ниту во НАТО, а промените на Уставот ќе бидат трајни бидејќи за враќање на стариот Устав ќе биде потребно и 2/3 и бадинтерово двојно мнозинство.

-Ако не помине во Грција, нема да има ни ЕУ, ни НАТО, а Уставот не можеме да го вратиме на старо оти имаме услов 2.3 плус бадинтерово двојно мнозинство! Промената ќе биде трајна, ние нема да имаме интеграции, и Русија имајќи се ова во предвид изјави дека нема да интервенира и да го руши Преспанскиот Договор, коментира тој.

За крајот тој истакнува дека сега е последен момент за како што вели дека сега е последен момент за востание, потсетувајќи на привремената спогодба од 1995 која не беше ратификувана во Грција.
– Народе востание, сега е последен момент! Внимавајте! Како и со времената спогодба од 1995, може да не помине Преспанскиот Договор во Грција. Тие Грците нема да имаат обврски, а ние ќе имаме сменет Устав и идентитет со загрозена државност и суверенитет, за крај порача тој.

https://media24.mk/2018/12/21/

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.