|
||||
Со антируска реторика сакаат да го оправдаат бесрамното мешање во внатрешните работи на Македонија |
МОСКВА ДО ВАШИНГТОН: САД со антируска реторика сакаат да го оправдаат бесрамното мешање во внатрешните работи на МакедонијаМинистерството за надворешни работи на Русија синоќа одговори на обвинувањата од САД за мешањето во внатрешните работи на Македонија. Одговорот е по повод изјавата на заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливен за мешање на Москва во внатрешните прашања на Македонија. Саливен на 18 декември во Скопје на конференција за новинарите рече дека САД „силно го поддржуваат“ договорот на Македонија и Грција од Преспа за решавање на меѓусебниот спор, со кој на Македонија и е „отворен патот за го заземе заслуженото место во ЕУ и НАТО, а на тоа Русија отворено се спротиставува“. Саливен рече дека „не е тајна“ дека Русија „ќе стори се што може да го поткопа тој процес поради свој интерес“, а САД „ќе го поддржат разоткривањето на сите активности кои Русија ги презема со цел да ги поткопа легитимните и демократските одлуки на други држави“, пренесува Бета. МНР на Русија во синоќешниот одговор, три дена по изјавата на Саливен, укажа дека неговите оцени „не може да се игнорираат“, бидејќи се „нов збир на обвинувања за некакво мешање на Москва во внатрешните работи на Република Македонија“. Руското министерство посебно подвлекува дека Саливен рече оти „Русија се противи на пристапувањето на македонската држава кон НАТО и се обидува да го спречи спроведувањето на Преспанскиот договор `спротивно на јасната волја на македонските граѓани`“. Затоа руското министерство „сака тоа официјално лице на САД да го врати во реалноста“ и се наведува: „Прво, `јасната волја на македонските граѓани` покажа дека референдумот од 30 септември годинава беше неуспешен, чиј резултат покажа дека мнозинството од граѓаните го отфрлија наметнувањето од САД и нивните сојузници Скопје да влезе во евроатлантските структури, во замена за прекројување на името на државата и напуштање на незјините национални интереси“. Второ, руското МНР порачува дека по „повод тврдењето за мешање на Русија: „Добро е познато дека американскиот амбасадор (Џес Бејли з.н.) беше во зградата на Собранието на Република Македонија во текот на гнасното гласање на 19 октомври оваа година, кога неопходниот резултат беше обезбеден со валкани манипулации, подмитување и уценување на пратеници и сето тоа е достапно на широката јавност“. Покрај тоа, пишува во соопштението од Москва, „не руските, туку гостите од Соединетите Држави, ЕУ и земјите од НАТО, готово секојдневно се менуваат на политичката сцена во Скопје само за да го протуркаат пакетот амандмани за смена на Уставот“ на Македонија заради спроведување на договорот со Грција. „Сето тоа е вообичаено“, пишува во соопштението, бидејќи „со недокажана антируска реторика, Вашингтон се обидува да го оправда своето бесрамно мешање во внатрешните работи на Република Македонија, да го легитимизира погрешниот Преспански договор (Македонија со Грција) и уште една земја од балканскиот регион да ја вовлече во НАТО против волјата на нејзините граѓани, како што направи со Црна Гора во 2017 година“, пишува на крајот во соопштението од Министерството за надворешни работи на Русија. |