|
||||
Мицковски: Никогаш ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак јас како претседател нема да го споменам новото името на РМ |
Христијан Мицкоски
Чесно и достоинствено е да се употребува името Македонија наместо новото име кое го договори Заев, а за кое граѓаните не гласаа.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју за вестите на телевизија Сител нагласи дека Република Македонија нема да добие препорака за почеток на преговори со Европската унија, објаснувајќи дека со тоа уште еднаш ќе се потврдат неговите тврдења дека Македонија не се движи во вистинска насока. Тој додаде дека чесно и достоинствено е да се употребува името Македонија наместо новото име кое го договори Заев а за кое граѓаните не гласаа, потенцирајќи дека тој лично, а ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да го употреби новото име на државата. Ние ќе учествуваме во реформската агенда, ние учествуваме во рамки на институциите кои што ја користат придавката на новото име. Но, никогаш нема да се изразиме со новата придавка која што ја употребуваат владините претставници, дури и некои од владините претставници кои што ќе ја заборават, тогаш тука е сифлерот кој што ќе ги корегира. Бевме сведоци кога еден од вицепремерите го употребува нашето вистинско име Република Македонија, па беше укорен од страна на претседателот на владата. Да, ние ќе работиме се што е во интерес на граѓаните. И ако ме прашате дали тоа е чесно и честито, да ќе кажам, затоа што тоа е морален хазар за нас, затоа што нас приоритет ни се интересите на граѓаните, па дури и ако тој интерес подразбира да гласаме закони во рамките на собранието каде што стои новата придавка, но, никогаш ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак јас како претседател нема да го споменам името, вели Мицкоски. |