|
||||
Проф. Котлар: Етничките Македонци се Македонци |
Проф. Котлар: Етничките Македонци се Македонци и овде и во Грција и во Бугарија и во Албанија и каде и да се!Накратко да појаснам – Етничките Македонци се Македонци и овде и во Грција и во Бугарија и во Албанија и каде и да се! Имаат иста и неделива историја, фолклор и обичаи, а зборуваат еден единствен јазик – македонски! За ова има многу докази во историските материјали! Бидејќи во моментов е актуелна мистификацијата на нашата историја и јазик во однос на јужниот преспански сосед издвоив три документи напишани од Македонци кои по силата на окупацијата од 1913 г. биле жители на Кралството Грција. Станува збор за дописки од Воден, Лерин и Серез во кои јасно е опишана положбата на Македонците (во месецот јуни) во 1934 г., односот на власта кон македонското население и особено суровоста кон сите оние кои го зборуваат македонскиот јазик. Еве, ги сведовштвата: „… Македонец од Воден, 6 јуни 1934 година Воден. – Овде во Воден и во нашата околија, во срцето на Македонија, овде каде што ние Македонците не знаеме друг јазик освен нашиот македонски, разните органи на грчкиот капитализам нè принудуваат да зборуваме на грчки јазик, а да не го зборуваме нашиот јазик…. Освен тоа, нè лишуваат од слободата што ја добиле нашите татковци по долгогодишна борба, гинејќи за ослободувањето на Македонија… Во основните училишта секојдневно се тепаат малите деца кои го зборуваат својот јазик… На тие органи на капитализмот Македонците им изјавуваат дека ништо не може да ги уплаши и дека ќе ја продолжат својата борба сè додека не остварат полно свое ослободување.(…) Македонец од Лерин, 8 јуни 1934 година Лерин. – Тука пред извесно време целиот буржоаски печат почна напад против македонскиот народ… Ние Македонците похрабро и поактивно треба да се активираме против тој напад за да го отфрлиме, зашто тоа значи поголемо угнетување, глад, беда и војна.(…) Осуденици од Серес, 26 јуни 1934 година Секој ден влечкаат сиромашни Македонци, земјоделци во затворите поради долгови од 60 до 100 драхми. (…) Сите овие сиромашни Македонци не знаат грчки, си го зборуваат македонскиот јазик. Од многу тепање биле принудени да речат дека низ нивните села поминувале комитаџии. Многу осуденици од затворите во Серес…“ Извадоци од збирката „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Од крајот на Првата светска војна до создавањето на национална држава, том втори, Скопје, 1981, 62–64. |