|
||||
Политичките пресуди од вкупно 211 години затвор се погребување на правото |
ФОКУС НА ДЕНОТ: Затворски казни за „крвавиот четврток“, но „паднаа“ и тешки зборовиМитко Чавков, поранешниот директор на БЈБ, доби првостепена казна затвор пд 18 години заедно со времето поминато во притвор и куќен притвор поради неделување за време на настаните на 27 април во Собранието. Митко Пешов е осуден на казна затвор од 15 години. Истата казна ја доби Душко Лазаров, Горан Јошевски - Леви, Оливер Радулов е казнет на 10 години затвор, Мунир Пепиќ на 15 години, Абдулфета Алими е осуден на 7 години затвор, Младен Додевски доби 12 години. Јане Ченто доби 15 години затвор. Горанче Ангеловски е осуден од 12 години, исто како и Игор Југ. На Влатко Трајковски му е досудена 15 годишна казна, а за Вилијам Михајловски 14 години. Никола Митревски - Кољо е осиуден на 15 години, а за Александар Василевски - Нинџа е одредена осумгодишна казна. Сите се прогласени за виновни за насилство и тероризам, освен Игор Дурловски.
За упадот во Собранието на „крвавиот четврток“, Јане Ченто доби 15-години затвор, како обвинет во случајот. Тој не побара да се брани од слобода до правосилност на пресудата, затоа што како што рече, секако ќе биде напишана некоја службена белешка со која ќе биде вратен во притвор. „Не се плашам од затворот. Вие ме осудивте, историјата ќе нè ослободи. Еден ден ќе огрее сонцето на слободата. Да живее Република Македонија“, изјави Ченто. Пејачот Игор Дурловски кој е единствениот кој беше ослободен од обвинението за 27 април, кратко по заминувањето од судот на социјалната мрежа Фејсбук постираше нумера која ја изведува тој, со порака: „Кога слободата е ропство, а среќата тага“. Дурловски беше прогласен за невин, а останатите 16 обвинети за насилствата во Собранието од 27 април 2017 година, добија вкупно 211 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Тој пред судот беше дочекан со прегратки од блиските. Роднините на другите осудени реагираа за добиените високи казни. Екс директорот на БЈБ, Митко Чавков доби највисока казна од 18 години затвор. Ме осудивте на 12 години и понижен сум, требаше 15 и јас да изедам, изјави Игор Југ на кој му се судеше за настаните за време на упадот во Собранието на 27 април лани. Тој рече дека постојат две најголеми предавства што човек може да ги направи, а тоа е да си ја предаде татковината, и да си го предаде семејството.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека казните за „крвавиот четврток“ се драконски, а пресудите сметаат дека се претходно нарачани и напишани, без да се земат в предвид доказите. Велат дека политичките пресуди од вкупно 211 години затвор се погребување на правото. https://faktor.mk/fokus-na-denot-zatvorski-kazni-za-krvaviot-chetvrtok-no-padnaa-i-teshki-zborovi |