Сабота, 16 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
Јане Ченто го вратил решението за притвор на судот

alt

Ченто со порака до Мукоски, Василевски и Кацарска - Го врати решението зошто пишувало Северна Јане Ченто го вратил решението за притвор на судот, бидејќи пишувало Република Северна Македонија и напишал дека нема да прима документи на кои пишува Република Северна Македонија, пренесе Република.

Почитувани браќа, сестри и пријатели, денес се случи тоа што и се очекуваше во држава во која владее хунта и режим, како што не е видено во Македонија, но имам да порачам нешто. Браќа и сестри, никој не е вечен, така и оваа криминална хунта ќе си оди еден ден, им се гледа крајот. Ако мислат дека ќе ме замолчат со тоа што ме осудија 15 години затвор, се лажат. Има начин и од затвор да ја водам оваа борба против оваа хунта и верувајте, нема ни еден ден да се откажам од борбата за Македонија. Пренесете им надвор, еден ден ќе паднат ама нема да бегаат од Македонија, туку ќе одговараат за сите злодела што ни ги направија и нас и на македонскиот народ. Македонија ќе се разбуди за брзо време, а тогаш ќе изгрее ново сонце на слободата.

Им благодарам на сите мои роднини и пријалите кои изминативе месеци ми помагаа. Нема да ги спомнам поради нивна лична заштита од оваа хунта, за да не ги прогласи и нив за терористи.

Пренесете му на Крсто, Сашо и останата багра дека тоа што си сееле тоа и ќе си жнеат еден ден, а тој ден ќе дојде многу брзо. Животот е долг, борбата за Македонија никогаш нема да запре во моето срце.

Пријатели мои да се живи и здрави и верувајте ќе дојдат подобри времина. Главата горе, горди мои Македонци.

На Апелациониот суд остануваат посериозни проблеми. Жалам за престојниот срам што падна врз оваа судска власт. И на крај не се плашам од затворот, ниту од бесот на бедниот тиранин, кој ни го смести ова. Судот не осуди, но тоа и не толку важно, историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе изгрее сонцете на слободата.

Вам почитувани судии длабоко ви се заблогодарувам, што искрено дозволивте да се искажеме во овој судски процес. Искрено, не чувствувам огорченост кон вас, разбирам дека во одреден дел бевте хумани и знам дека претседателот во овај судечки совет е човек со голема професионалност и не може да ја сокрие одбивноста кон овие случувања и беше принуден да донесе неправедна одлука.

Да живее Република Македонија.

Јане Ченто – 15.03.2019

https://press24.mk/chento-so-poraka-do-mukoski-vasilevski-i-kacarska-go-vrati-reshenieto-zoshto-pishuvalo-severna

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.