|
||||
Заев бил во комуникација со терористите и имал средби со нив во Приштина! |
ВИКИЛИКС ОБЈАВИ РАЗУЗНАВАЧКА „БОМБА“ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ: Заев бил во комуникација со терористите и имал средби со нив во Приштина! Викиликс, мрежата која веќе неколку години објавува разузнувачки извештаи, хакирани електронски пошти на светски лидери и политичар, пласираше разузнавачки извештај на Американската администрација дека структури на СДСМ биле во комуникација со терористите од Диво Насеље. Како што пренесува МИНА од извори во УБК, Зоран Заев практично ја признал соработката на СДСМ со терористичките групации од Косово кои влегоа во Диво Насеље, најавувајќи дека „Ќе има крв во Мај ако Груевски не отстапи“ Терористите нападнаа на 10ти Мај, но беа превенирани од полицијата да го спроведат нивниот првичен план за напад на поголеми јавни центри, плоштади, отворени пазари и полициски станици, како што планирале на 15ти Мај, што ќе резултираше со големи цивилни жртви. Во преписка помеѓу Стејт Департментот и Амбасадата на САД во Скопје, Викиликс ја објави следната комуникација. Во Стејт Департментот додаваат: „Оваа група е блиска до Харадинај во Косово, веќе има остварено комуникација со политичари во Скопје. Се сретнале најмалку два пати во Приштина. Членовите на овие радикали во Косово и Макеоднија комуницираат со политичкото движење (СДСМ) кои сакаат да ја соборат Владата“ се вели во документот објавен од Викиликс. Ден по инцидентот во Куманово, лидерот на СДСМ Зоран Заев наместо да ги посети повредените полицајци, отиде да ги посети лицата со блиски врски до УЧК кои им помагале на терористите со логистика и информации во реално време за движењето на полицијата во реонот. Десната рака на Заев, Захир Бекири – Чауш кој е во затвор за производство на 35.000 лажни лични карти, имал сокриено 80 панцири во канцеларија на СДСМ наменети за терористите во Куманово, но никогаш не биле дистрибуирани до нив, имајќи во предвид дека полицијата имаше акција неколку дена пред терористичкиот напад. Освен политичка поддршка, терористите имаа и медиумска поддршка за време на терористичкиот напад. Истата беше координирана, а Македонската јавност може да се потсети на „извештаите“ на ТВ Телма и порталите кои известуваа дека тоа не биле терористи туку „цивили во пижами кои се бранеле од полицијата“! Извор:MINA |