|
||||
Доаѓаат нови ветришта, а народот повеќе нема да дозволи да биде излажан |
Христијан Мицкоски
Време е за казна за изневерените очекувања, лагите и неправдите, да се обединиме, да ја сочуваме татковината и донесеме правдатаИзминатите неколку дена поминав речиси 1000 километри низ нашата татковина. Разговори, средби со народот и можам да го кажам следното: Ништо од тоа што ќе направи не може да биде чесно, ако на една власт и недостига правда. Чекањето на ветениот живот, заврши со неветена неправда која е секојдневие. Неправдата сторена било каде и било кому е закана за правдата насекаде. Каква и неправда да се случи некому, тоа влијае на сите нас заедно. Правдата без слободата и моќта на народот е безмоќна, а моќта без правдата е тиранска. Волтер велеше успехот е секогаш дете на храброста. Доаѓаат нови ветришта, а народот повеќе нема да дозволи да биде излажан. На власта би и порачал да се воздржи од плукање против ветрот, бидејќи се во животот се менува, но и се враќа. Секоја неправда, секоја солза на старата мајка за своето чедо, остава трага. Секоја година затвор од оние 211 години робија, ќе тежи на нечистата совест на оваа неправедна власт. Секоја нова воздишка на младиот човек со надеж дека може да биде подобро е истата како и секоја друга во изминатите 28 години, но и тој исто како и сите ние знаеме дека ние самите сме носители на нашата судбина и ќе биде подобро само доколку се избориме за тоа. А тоа зависи од секој еден од нас. Да си бидеме искрени едни со други и да си признаеме дека нема човек кој веќе верува дека оваа власт може да биде подобро или дека може за било што да си го одржат ветувањето. Тогаш нема што да се чека. Време е за казна за изневерените очекувања, лагите и неправдите, за измамата со чувствата на граѓаните. Време е да се покаже дека овде има достоинствен народ што не дозволува да биде потценет и излажан. Ова веќе е битка за нашето достоинство, нашата верба во вредностите и за тоа што сакаме да бидеме во иднина. Ова е битка за сонот кој го сонуваме откако знаеме за себе, за нашата татковина, за татковината за која мечтаеме, која ја сонуваме и за која вреди да се бориме. Секоја генерација си има своја битка, оваа битка е нашата, можеби е најважната бидејќи во прашање е опстанокот на нашата земја и она што правиме сега ќе не следи во годините потоа. Да, од сите нас зависи победата која ќе ја донесеме, затоа да се избориме за правото, правната држава и владеењето на правото. Ова битка е околу победата, а победата е Македонија со секој еден нејзин човек. И нека се знае дека сето ова вреди, за нашите деца, за родителите, за роднините и пријателите, оние кои заминаа, но и оние кои останаа, за нашите предци кои не обврзаа, но и поколенијата кои не смееме да ги разочараме. Да се обединиме, здружиме, соединиме за правда, правда за секого, правда за секој еден човек и успех каков што заслужува. Да го поразиме Заевизмот, за да ја спасиме Македонија! |