Четврток, 21 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев
alt

Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев

Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев.   Пендаровски како Заев молчи за искажаните лажни ветувања за продажбата на блиндираниот мерцедес.  Неговата партија ветуваше нови возила за Брза помош кои ќе се набават од продажбата на мерцедесот, а сега во него ги возат сите високи гости во Македонија и земаат стари и користени од земјоделие. 

Пендаровски исто како Заев Пендаровски молчи за невработеноста на младите, а во кампањата претходно ветуваа намалување на младинска невработеност и подобрување на младинскиот стандард. Наместо подобар стандард,  донесоа беда и сиромаштија за младите лица.

Светска Банка потврди дека за 2018 година, имаме младинска невработеност од  47,6%, што е највисока на Балканот и тоа не прави полоши дури и од Косово, додека пак над 140.000 млади лица откако е СДСМ на власт живеат под прагот на сиромаштијата. 

Пендаровски како Заев молчи и за фалсификатот на референдумот,  и за непостапувањето на институциите кои ги игнорираат кривичните пријави и доказите за грубо полнење на кутии , поткуп и злоупотреба на над 50.000 гласови. 

Пендаровски молчи како Заев и за тоа на кој јазик зборуваат Македонците во Грција и на тој начин практично дава поддршка на откажувањето македонското население во Грција и нивното право на самоопределување како Македонци.

Пендаровски како Заев молчи за сите криминални зделки во 4 очи, за местените тендери и грантови на  власта како  и за непотизмот кој што откако е СДСМ на власт како канцер метастазираше во нашето општество.

Политичкиот прогон во државата и монтираните судски процеси се режирани од Заев и од Пендаровски. Зацрнија цели семејства осудувајќи лица за дела кои што не ги извршиле, а единствен нивни грев е што се политички неистомисленици на Зоран Заев. 

Пендаровски и Заев се лице и опачина на една иста монета. На Република Македонија не и треба нов Зоран Заев,  државата има потреба од претседател кој ќе работи согласно устав и закон. Република Македонија и граѓаните имаат потреба од претседател кој ќе работи согласно државните и национални интереси.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.